
Месечен
електронски информатор на
ЕЦМП
НВО Мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија
-
Иницијатива за развој на општеството -
ноември/декември
2004,
број 31

Ова е
информаторот на ЕЦМП НВО Мрежата за подобрување на
меѓуетничките односи во Република
Македонија. Оваа
мрежа е резултат на заедничката иницијатива помеѓу Европскиот центар за малцински прашања
(ЕЦМП), од
Фленсбург, Германија и членките на Мрежата. Оваа Мрежа ќе ја зголеми
соработката на НВОи-членки кон развој и унапредување на меѓуетничката
толеранција, почитување на разликите и дијалогот помеѓу оние кои живеат во
Република Македонија. Посебно, оваа НВО Мрежа цели да ги зајакне
капацитетите на НВОи-учеснички да создаваат заеднички проекти и други
иницијативи со силна меѓуетничка димензија и да ги
имплементираат
таквите
иницијативи.
Предходни
изданија на Информаторот на ЕЦМП НВО Мрежата: www.ecmingonet.org.mk/ publications_mk.htm
Контакт
Информации:
ЕЦМП
Регионална
канцеларија Скопје Ул. Мајка Тереза 13а, 1000 Скопје Телефон: +389
(0)2 3215 637; 3215 638 Факс: +389 (0) 2 3215
639 E-mail:
ecmimkd@ecmingonet.org.mk. www.ecmingonet.org.mk
www.ecmi.de
ЕЦMП
Проектот во Македонија е финансиран со великодушна поддршка
на:




ЕЦМП
Регионални НВО Ресурсни Центри
ЕЦМП
Регионален Центар Скопје Адреса:
Мајка Тереза 13а, Скопје Телефон/Факс: 389 (0)2 3215 637 ecmiskopje@ecmingonet.org.mk Лице
за контакт: Гордана Цветкоска
ЕЦМП Регионален Центар
Куманово Адреса: Локалитет Гарнизон 1/1-2 Телефон/Факс:
389 (0)31 425 456 ecmikumanovo@ecmingonet.org.mk Контакт
Лице: Елена Петковска
ЕЦМП
Регионален Центар Битола Адреса: Јосиф Христовски 4/4,
Телефон/Факс: 389 (0)47 236 874 ecmibitola@ecmingonet.org.mk Контакт
Лице: Лидија Ангелковска
ЕЦМП
Регионален Центар Гостивар Адреса: 18ти Ноември 37а,
Телефон/Факс: 389 (0)42 212 273 ecmigostivar@ecmingonet.org.mk Контакт
лице: Небија Исмаили
ЕЦМП
Регионален Центар Штип Адреса: Ванчо Прке 62/3-2,
Штип Телефон/Факс: 389 (0)32 382 510 ecmistip@ecmingonet.org.mk Контакт
лице: Драгана Митровиќ
ЕЦМП
Регионален Центар Тетово Aдреса: Илинденска 97,
Tетово Телефон/Факс: 389 (0)44 339 031 ecmitetovo@ecmingonet.org.mk Контакт
лице: Елвира Муртезани
Се надеваме
дека ова издание на информаторот на ЕЦМП НВО Мрежата ви беше од корист.
Доколку
имате било какви коментари или предлози за подобрување на овој информатор,
ве молиме контактирајте со Верица Грданоска на: grdanoska@ecmingonet.org.mk |
|
.
13 декември
ЕЦМП НВО Мрежа
Генерално Собрание
ЕЦМП НВО Мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Македонија го
одржа своето 4-то Генерално Собрание во Хотелот “Холидеј Ин“. На ова
Собрание, каде присуствуваа 72 НВО членки на мрежата, ЕЦМП официјално го
најави завршувањето на проектот ЕЦМП НВО Мрежа.
Како резултат на тригодишното постоење на мрежата беа претставени трите
различни модели на понатамошно вмрежување: Регионалните НВО коалиции во
Битола, Тетово и Куманово како формални коалиции кои примарно ќе
функционираат на општинско ниво; независна национална НВО Мрежа –
Иницијативи за развој на општеството, која ќе функционира со нова мисија
која ќе се фокусира на економскиот развој преку партиципација, интеграција
и подеднакви можности и; секторските Мрежи (еколошка мрежа, младинска
мултикултурна иницијатива, образовна мрежа и работна група за малцински
прашања).
E-mail:ecmimkd@ecmingonet.org.mk
13 декември
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Битола
Театарски работилници за човековите права
60 ученици, од 6 до 14 годишна возраст од Канатларци – Битола, Ресен и
Охрид беа дел од Театарските работилници за човековите права, организирани
од НВО Медиа Артерс во соработка со Културната и хуманитарна организација
на турците “Челебија“.
Целта на оваа серија на интерактивни, едукативни работилници е да се
информираат младите за ковековите прафа пред се фокусирајќи се на детските
и малцинските права. Во исто време, преку вклучувањето на деца од различна
етничка припадност се придонесува кон меѓусебно запознавање и подобрување
на меѓуетничките односи.
E-mail:
ecmibitola@ecmingonet.org.mk
11 декември
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Тетово
“Мозаик на културата на Бошњаците“
Настанот “Мозаик на културата на Бошњаците“, одржан во просториите на
Културниот центар на бошњаците во Македонија има за цел зближување на
луѓето од различните етнички заедници преку меѓусебно запознавање на
културните вредности.
Настанот во себе вклучи: изложба од Др. Феџим Хушковиќ, говор на Др. Ферид
Мухиќ, традиционални Босански песни и ора, македонски песни и ора,
презентација на традиционална босанска храна и носии.
Покрај членките на Регионалниот Центар Скопје, на овој настан присутни беа
и други граѓани, претставници на локалната самоуправа и бизнис секторот.
E-mail: ecmistip@ecmingonet.org.mk
10 декември
ЕЦМП Регионална Канцеларија Скопје Состанок на Координативното тело
Во ЕЦМП Регионалната Канцеларија Скопје се одржа состанок на
Координативното тело на ЕЦМП НВО Мрежата. На состанокот се направи
евалуација на годишната работа на Координативното Тело и Комисијата за
стратешко планирање. Се разговараше и за идните стратешки насоки на НВО
Мрежата како и за нејзините можни структурни форми. Агендата за 4 тото
Генерално Собрание на ЕЦМП НВО Мрежата беше детализирана на оваа средба.
E-mail:ecmimkd@ecmingonet.org.mk
03 декември
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Тетово
Театарска претстава “Од другата страна“
Со цел да се подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата
со посебни потреби, во основното училиште “Лира“ беше поставена
претставата “Од другата страна“.
Повеќе од 300 ученици беа присутни на премиерата на оваа театарската
претстава, режирана од Сенат Абдули. “Од другата страна“ има за цел да ја
подигне свеста на децата за односот кон лицата со посебни потреби.
Иницијативата е подржана од ЕЦМП преку НВО Хендикепт, членка на ЕЦМП НВО
Мрежата.
E-mail:
ecmitetovo@ecmingonet.org.mk
03 декември
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Тетово
Информативен Центар
Во Тетово е отворен Информативен Центар по повод Меѓународниот ден на
луѓето со посебни потреби со цел информирање на овие луѓе за нивните права
и давање помош при остварувањето на тие права.
Информативниот Центар е дел од проектот “ Ние како и сите други ”, подржан
од Share - see а имплементиран од Асоцијацијата на старатели на лицата со
посебни потреби во соработка со НВО Златна Генерација, членка на ЕЦМП НВО
Мрежата.
E-mail:
ecmitetovo@ecmingonet.org.mk
25 ноември
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Гостивар
Домашни посети
Семејставата на лицата со посебни потреби од селата Вратница, Топлица,
Вретовце, Добридол, Балиндол, Неготино, Сенокос, Беловиште, Лакавица,
Калиште, Џурџевиште и Ломница најпосле добија професионална помош при
соочувањето со секојдневните проблеми. Домашните посети, организирани од
Хуманитарна Организација “УНИТЕТИ” во текот на овој месец имаат за цел да
им помогнат на семејставата на лицата со посебни потреби од Гостиварскиот
регион преку здравствена едукација на неколку теми: психолошко-педагошка
едукација, социализација, здравсто и медицински совети итн.
E-mail:
ecmigostivar@ecmingonet.org.mk
23 ноември
ЕЦМП Регионален НВО
Ресурсен Центар Куманово
Транинг за стратешко планирање
Три дневниот тренинг за Стратешко планирање за НВО членките на
Регионалниот Центар Куманово се одржа во хотелот “Центробизнис“, Виница.
Преку тренингот се дефинираа основните насоки за одржливост на Центарот во
Куманово како и програмските определби во наредните 3 години.
Фасцилитатори на тренингот беа Звонко Наумоски и Горан Арсов. Покрај НВО
членките, на тренингот беа присутни и Зоран Петрушевски, претставник на
локалните власти, Драган Јаневиќ, претставник на локалните медиуми и
Јасмина Тодоровска и Анета Јордановска.
E-mail: ecmikumanovo@ecmingonet.org.mk
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Тетово
Стоп на дрогата
Со цел да се подигне свеста кај младите од Тетово за последиците од
користење на дрогата и промовирање на спортот и културата како активности
во слободното време, НВО Мултикултура ја имплементираше четримесечната
иницијатива “Стоп на дрогата “ . Форумот на албанската жена и НВО Среќен
Живот беа партнери во имплементацијата на иницијативата. Како дел од неа
се одржаа два отворени форуми со социолози и психолози, три ТВ презентации
на локалните медиуми, кошаркарски турнир помеѓу средношколците и концерти
со поп и рок групи од Тетово.
E-mail:
ecmitetovo@ecmingonet.org.mk
16 ноември
ЕЦМП Регионален НВО
Ресурсен Центар Битола
Денови на албанската писменост
Во просториите каде во 1908 година се одржа конгресот за создавање на
албанската азбука, Сојузот на Албанската жена од Битола во партнерство со
Македонско-Хрватското здружение “ Марко Марулиќ ”, организираа прослава по
повод деновите на албанската писменост. Прославата опфаќаше повеќе
активности: читање на реферат на македонски и албански, предавање од Др.
Решат Меџипи, експерт по историја, кој изнесе интересни моменти за времето
пред и по одржувањето на конгресот, а представникот на Музеј и Галерија од
Битола, Здравка Маретич презентираше интересни етнолошки, антополски и
културолошки моменти на албанците низ вековите. Посетителите: граѓани,
претставници од НВО секторот, локалните власти и медиуми имаа можност да
бидат дел и од изложбата на фотографии на Алберт Кан. Прославата заврсши
со мал коктел за посетителите.
E-mail:
ecmibitola@ecmingonet.org.mk
05 ноември
Литературен клуб "Искра"
Презентација на Алманахот
Како резултат на триесетгодишната активна работа , литературниот клуб
"Искра" , член на ЕЦМП НВО Мрежата , го промовира Алманахот бр. 24/25 во
библиотеката "Гоце Делчев" - Штип. Алманахот бр. 24/25 содржи поезија и
проза од 22 автори , членови на литературниот клуб "Искра". Дел од
авторите прочитаа извадоци од книгата за време на презентацијата , каде
учество зедоа повеќе од 70 граѓани и членови на клубот. Овој настан беше
заокружен со делење на бесплатни примероци од Алманахот на посетителите и
мал коктел.
E-mail: ecmistip@ecmingonet.org.mk
04 ноември
Младински Културен Центар
Забава
Со цел да се одбележи признавањето на уставното име на Македонија од
страна на САД, на Широк Сокак, Битола беше организирана голема забава од
страна на Младинскиот Културен Центар, член на ЕЦМП НВО Мрежата. Повеќе
поп и рок групи , пејачи и ансамбли од целата земја зедоа учество во
забавата, како и битолскиот хор "Стив Наумов" кој ја испеа македонската и
американската химна. Неколку локални бизнисмени допринесоа во забавата со
бесплатни пијалоци и производи.
E-mail:
ecmibitola@ecmingonet.org.mk
<< почеток на
страницата |