Месечен електронски информатор на
 

ЕЦМП НВО Мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија
 

Јуни 2004, број 27
 

 

Ова е информаторот на ЕЦМП НВО  Мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија.  Оваа мрежа е резултат на заедничката иницијатива помеѓу Европскиот центар за малцински прашања (ЕЦМП), од Фленсбург, Германија и членките на Мрежата. Оваа Мрежа ќе ја зголеми соработката на НВОи-членки кон развој и унапредување на меѓуетничката толеранција, почитување на разликите и дијалогот помеѓу оние кои живеат во Република Македонија. Посебно, оваа НВО Мрежа цели да ги зајакне капацитетите на НВОи-учеснички да создаваат заеднички проекти и други иницијативи со силна меѓуетничка димензија и да ги имплементираат таквите иницијати
ви.

 

 Предходни изданија на Информаторот на ЕЦМП НВО Мрежата:
www.ecmingonet.org.mk/
publications_mk.htm

 

 

Контакт Информации:
 

ЕЦМП Регионална канцеларија Скопје


Ул. Мајка Тереза 13а, 1000 Скопје


Телефон: +389 (0)2 3215 637; 3215 638

Факс: +389 (0) 2 3215 639


E-mail:
ecmimkd@ecmingonet.org.mk.

www.ecmingonet.org.mk

www.ecmi.de

 

 

 

ЕЦMП Проектот во Македонија е финансиран со великодушна поддршка на:

 


 

 

 

 

 

 

 
 

 ЕЦМП Регионални НВО Ресурсни Центри

 

ЕЦМП Регионален Центар Скопје
Адреса: Мајка Тереза 13а, Скопје
Телефон/Факс: 389 (0)2 3215 637 Email:ecmiskopje@ecmingonet.org.mk
Лице за контакт: Гордана Цветкоска

ЕЦМП Регионален Центар Куманово
Адреса: Локалитет Гарнизон 1/1-2
Телефон / Факс: 389 (0)31 425 456
Email:
ecmikumanovo@ecmingonet.org.mk
Контакт Лице: Елена Петковска

ЕЦМП Регионален Центар Битола
Адреса: Јосиф Христовски 4/4, Битола
Телефон / Факс: 389 (0)47 236 874
Email:ecmibitola@ecmingonet.org.mk
Контакт Лице: Лидија Ангелковска

ЕЦМП Регионален Центар Гостивар
Адреса: 18ти Ноември 37а, Гостивар
Телефон / Факс: 389 (0)42 212 273
Email:ecmigostivar@ecmingonet.org.mk
Контакт лице: Небија Исмаили

ЕЦМП Регионален Центар
Штип

Адреса: Ванчо Прке 62/3-2, Штип
Телефон / Факс: 389 (0)32 382 510
Email: ecmistip@ecmingonet.org.mk
Контакт лице: Татјана Николовска

ЕЦМП Регионален Центар Тетово
Aдреса: Илинденска 97, Tетово
Телефон / Факс: 389 (0)44 339 031
Email:ecmitetovo@ecmingonet.org.mk
Контакт лице: Елвира Муртезани
 

 

 

 

 

Се надеваме дека ова издание на информаторот на ЕЦМП НВО Мрежата ви беше од корист.

Доколку имате било какви коментари или предлози за подобрување на овој информатор, ве молиме контактирајте со Верица Грданоска на:
grdanoska@ecmingonet.org.mk

 

 

 

..  .

 

Содржина

Вести
Идни настани

 
 

 

 

Вести


02 Јуни
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Штип
Дебата – Предлог измени и дополнувања на законот за граѓански здруженија и фондации
Во просториите на ЕЦМП Регионалниот НВО Ресурсен Центар Штип се одржа дебата на тема - Предлог измени и дополнувања на законот за граѓански здруженија и фондации. На дебатата беше разговарано за постоечкиот Закон за граѓански здруженија и фондации  како и за прелозите за негова измена и надополнување поднесени од Др. Наташа Габер. Учесниците, правни лица и претставници на НВО секторот, дискутираја на три прашања: Проблемите со кои се соочуваат НВОите а се однесуваат на правната легислатива; Недостатоците на  Закон за граѓански здруженија и фондации и Предложените промени.   
E-mail: ecmistip@ecmingonet.org.mk

 

02 Јуни

Организација на ромските жени “ДАЈА” – Куманово

Театарска претстава Пролетна Игра

Театарската претстава “Пролетна Игра” е дел од Прогарамата за едукација на ромите имплементирана од  Организацијата на ромските жени “ДАЈА”, членка на ЕЦМП НВО Мрежата. Тема на претставата е чистата животна средина и доаѓањето на пролета, а во неа учествуваа 28 ученици од македонска и ромска националност од основното училиште “Крсте Мисирков” Куманово. Претставата беше поставена во Кумановскиот Театар на 21 Мај, Спортската Сала во Велес на 29 Мај и Работничкиот Универзитет во Кочани на 02 Јуни.

E-mail: ecmikumanovo@ecmingonet.org.mk

 

 

03 Јуни

ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Штип

Состанок на Координативното Тело

Во ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Штип се одржа состанок на Координативното тело на ЕЦМП НВО Мрежата со цел да се дадат идеи и насоки за идниот развој на Мрежата.

На овај состанок се разгледаа сите предлози дадени од Регионалните Центри за промена на името на Мрежата и се селектираа пет за кои ќе се разговара на идниот состанок на Координативното Тело. На агендата беа и одржувањето на полугодишно Генерално собрание, можноста за понатамошно зајакнување на капацитетите на НВО членките како и иницијативите за собирање на потписи за подршка на Коридорот 8 и потребата од заедничка реакција на Мрежата на најавеното поскапување на телефонските сметки од 01 Јули.  

E-mail: ecmistip@ecmingonet.org.mk

 

 

04 Јуни

ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Скопје

Изложба

Во основното училиште “Димитар Миладинов” се одржа заедничка изложба на детски цртежи од два одвоени настани на членките на Регионалниот Центар Скопје. Првиот настан беше изложбата на цртежи по повод Меѓународниот ден на детето - 01 јуни, одржана во основното училиште “Димитар Миладинов” а организирана од Асоцијацијата на полјаците во Македонија "ПОЛОНИЈА" а вториот настан беа четирите работилници на тема “Влијанието на животната средина во детските креации”, одржани во основното училиште за деца со специјални потреби ”Иднина”, организирани од Здружението на Граѓани "АН-БЛОК". Заедничката изложба која имаше за цел да ја подигне свеста на децата за последиците од загадувањето и потребата за заштита на животната средина, опфати креациии на преку 80 деца.

E-mail: ecmiskopje@ecmingonet.org.mk

 

 

04 Јуни

ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Штип

Прослава на Двегодишнината од постоењето на ЕЦМП Регионалниот НВО Ресурсен Центар Штип

Двегодишнината од постоењето на ЕЦМП Регионалниот НВО Ресурсен Центар Штип се одбележа со презентација на мисијата на ЕЦМП НВО Мрежата, минатите активности на центарот и идните планови за развој во Народната Библиотека “Гоце Делчев”. Во салата беа изложени и сите постери изработени во склоп на иницијативите на центарот со цел посетителите да можат да гласаат преку донирање на парични средства кој потоа ќе бидат искористени за купување на детски играчки со што ќе се помогне во основањето на “класик играчницата” во Народната Библиотека. Од посетителите на презентацијата за најдобар постер беше изгласан постерот на пилот иницијативата “Изборен фер плеј”  чии носител беше Активот за независни иницијативи. По завршување на презентацијата гостите беа поканети на мал коктел кој што се одржа во Хотелот “Оаза” во Штип.

E-mail: ecmistip@ecmingonet.org.mk

 

 

10 Јуни

ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Тетово

Посета на Универзитет на Јуоисточна Европа

Како дел од иницијативата “Универзитетско насочување на матурантите” група на матуранти го посетија Универзитет на Јуоисточна Европа во Тетово. Целта на посетата беше за познавање со унуверзитетската програма, методологијата и условите за студирање. Представник на Универзитетот ги презентираше процедурите кои се применуваат на овој универзитет како и начинот на функционирање на секој факултет оделно.

Оваа пилот иницијатива е имплементирана од НВО “Златна генерација” во партнерство со НВО “Мултикултура” и Хуманитарното здружение на Ромите во Македонија "Сонце", членки на ЕЦМП НВО Мрежата.

E-mail: ecmitetovo@ecmingonet.org.mk 

 


18 јуни

Младински Мултикултурни Иницијативи

Фестивал “Солстис 2004”

Со цел да се одбележи денот на започнувањето на пролета и воедно најдолгиот ден во годината Младинските Мултукултурни Иницијатива, членка на ЕЦМП НВО Мрежата во парнерство со Француската Алијанса од Битола го организираа фестивалот “Солстис 2004”.

Целта на фестивалот е да се промовираат различните културни идентитети преку музиката како медиум и да се амортизираат негативните социо – економски и културни трендови. Во програмата на фестивалот беа вклучени музичари од Франција, Бугарија и од неколку градови од Македонија. 
E-mail: ecmibitola@ecmingonet.org.mk 

 


24 Јуни

НВО Група Феликс

Тркалезна маса “Нов модел на работа меѓу наставниците, учениците и родителите”

Тркалезната маса на тема “Нов модел на работа меѓу наставниците, учениците и родителите” која се одржа во хотел “Епинал” има за цел да придонесе кон тековните реформи во образовниот систем на Република Македонија.

Ове е едногодишна иницијатива имплементирана од НВО Групата Феликс, членка на ЕЦМП НВО Мрежата, а подржана од Институтот за трајни заедници. Првата фаза на проектот која опфати 8 наставници и 72 ученици и нивните родители се спроведе во О.У “Горѓи Сугарев” Битола поради мултиетничкиот состав на учениците.

Новиот модел на работа во себе вклучува познавање на детските права, поседување на вештини за разрешување на конфликти и комуникациски вештини како додадена вредност на ликот на наставникот. Во склоп на проектните активности се и теренските посети на потесните семејствата на учениците од страна на наставниците, реконструирање на содржината на оделенскиот час и начинот на водење на родителските средби како и примена на новостекнатите вештини.

E-mail: felixbt@mail.com

 

Идни   настани

Датум: 02.07.2004

Дво-дневен семинар на тема – Комуникација со техниките на трансакциона анализа, за членките на Регионалниот Центар Гостивар ќе се одржи во Хотел “Дрим”, Струга


Датум: 03.07.2004
Состанок на Комисијата за стратешко планирање на развојот на ЕЦМП НВО Мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија

Датум: 05.07.2004
Со цел да се одбележи Денот на независност на Република Хрватска, . Македонско – Хрватското Здружение “Марко Марулиќ”, Битола организира дводневен настан со изложба на скулптури, промоција на книга итн. во “Музеј и Завод” Битола

Датум: 07.07.2004
Почеток на курсевите за говорен Англиски за членките на Регионалниот Центар Битола.

Датум: 14.07.2004
Состанок на Координативното Тело во просториите на ЕЦМП Регионалниот НВО Ресурсен Центар Тетово

Датум: 15.07.2004
Полугодишно Генерално Собрание на ЕЦМП НВО Мрежата во хотел “Електра” Тетово



 

<< почеток на страницата