|

Месечен електронски информатор на
ЕЦМП НВО Мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Република
Македонија
Мај 2004, број 26

Ова е информаторот на
ЕЦМП НВО Мрежата за
подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија.
Оваа мрежа е резултат на заедничката иницијатива помеѓу
Европскиот центар за
малцински прашања (ЕЦМП),
од Фленсбург, Германија и членките на Мрежата. Оваа Мрежа ќе ја зголеми
соработката на НВОи-членки кон развој и унапредување на меѓуетничката
толеранција, почитување на разликите и дијалогот помеѓу оние кои живеат во
Република Македонија. Посебно, оваа НВО Мрежа цели да ги зајакне
капацитетите на НВОи-учеснички да создаваат заеднички проекти и други
иницијативи со силна меѓуетничка димензија и да ги имплементираат таквите
иницијати
ви.
Предходни изданија на Информаторот на
ЕЦМП НВО Мрежата:
www.ecmingonet.org.mk/
publications_mk.htm
Контакт Информации:
ЕЦМП
Регионална канцеларија Скопје
Ул. Мајка Тереза 13а, 1000 Скопје
Телефон: +389 (0)2 3215 637; 3215 638
Факс: +389 (0) 2 3215 639
E-mail:
ecmimkd@ecmingonet.org.mk.
www.ecmingonet.org.mk
www.ecmi.de
ЕЦMП Проектот во Македонија е
финансиран со великодушна поддршка на:




Се надеваме дека ова издание на информаторот на ЕЦМП
НВО Мрежата ви беше од корист.
Доколку имате било какви коментари или предлози за
подобрување на овој информатор, ве молиме контактирајте со Верица Грданоска
на:
grdanoska@ecmingonet.org.mk
ЕЦМП Регионални НВО Ресурсни Центри
ЕЦМП Регионален Центар Скопје
Адреса: Мајка Тереза 13а, Скопје
Телефон/Факс: 389 (0)2 3215 637 Email:ecmiskopje@ecmingonet.org.mk
Лице за контакт: Гордана Цветкоска
ЕЦМП Регионален Центар Куманово
Адреса: Локалитет Гарнизон 1/1-2
Телефон / Факс: 389 (0)31 425 456
Email:ecmikumanovo@ecmingonet.org.mk
Контакт Лице: Елена Петковска
ЕЦМП Регионален Центар Битола
Адреса: Јосиф Христовски 4/4, Битола
Телефон / Факс: 389 (0)47 236 874
Email:ecmibitola@ecmingonet.org.mk
Контакт Лице: Лидија Ангелковска
ЕЦМП Регионален Центар Гостивар
Адреса: 18ти Ноември 37а, Гостивар
Телефон / Факс: 389 (0)42 212 273
Email:ecmigostivar@ecmingonet.org.mk
Контакт лице: Небија Исмаили
ЕЦМП Регионален Центар
Штип
Адреса: Ванчо Прке 62/3-2, Штип
Телефон / Факс: 389 (0)32 382 510
Email:
ecmistip@ecmingonet.org.mk
Контакт лице: Татјана Николовска
ЕЦМП Регионален Центар Тетово
Aдреса: Илинденска 97, Tетово
Телефон / Факс: 389 (0)44 339 031
Email:ecmitetovo@ecmingonet.org.mk
Контакт лице: Елвира Муртезани
|
|
..
.
Вести
Мај
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Гостивар
Хуманитарна Организација “УНИТЕТИ”
“Здравствена едукација на старатели на деца со посебни потреби”
Иницијативата“Здравствена едукација на старатели на деца со посебни потреби”
на Хуманитарната Организација “УНИТЕТИ” во соработка со Сојуз на жената
Албанка, Центарот за заштита на правата на Ромите и НВО Хендикеп дојде до
крај на имплементациониот период.
Зголемување на знаењето за здравствената заштита и законски гарантираните
права на лицата со специјални потреби беше целта на оваа иницијатива. Ова
беше постигнато преку одржување на десет работилници на три теми:
здравствена едукација, законски норми и интеграција на лицата со посебни
потреби во општестото.
E-mail:
ecmigostivar@ecmingonet.org.mk
Мај
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Гостивар
Здружение за образование и култура “МИЛЕНИУМ”
“Модус Вивенди”
Заврши со имплементација три месечната иницијативе “Модус
Вивенди” чии носител беше Здружението за образование и култура “МИЛЕНИУМ” во
партнерство со Центарот за заштита на правата на Ромите, Младинскиот центар
“Рекански Бисер” и Здружението за развој на општеството. Оваа иницијатива
има
за цел да
придонесе кон зголемување на меѓуетничко разбирање преку почитување на
локалната култура и наследеното богатство од специфични предмети од овој
регион како и потикнување на економскиот развој. Големиот одзив на граѓаните
од четрите општини во гостиварскиот регион, на повикот за донирање на
традиционални предмети овозможи заштита на наследното богатство и создавање
основа за развој на туризмот. Дел од иницијативата е и изготвувањето на
предлог амандман до локалната заедница за дефинирање на стратегија и
акционен план за работа во областа на културата.
E-mail:
ecmigostivar@ecmingonet.org.mk
01 Мај
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Куманово
Центар на ромската заедница "ДРОМ"
Семинар “Мирно разрешување на конфликти”
Три дневниот семинар за “Мирно разрешување на конфликти” е дел од
иницијативата “Мозаик” имплементирана од Центар на ромската заедница "ДРОМ"
во партнерство со Хуманитарна Организација “Ел Хилал” и НВО Младински Актив.
Овај семинар, на кој зедоа учество двадест и пет млади луѓе со различна
етничка припадност, имаше за цел првенција и надминување на конфлииктите
помеѓу различните етнички групи од Куманово. Преку интерактивните
работилници се создаде цврста основа за дијалог, соживот и толеранција меѓу
учесниците.
E-mail:
ecmikumanovo@ecmingonet.org.mk
Мај
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Гостивар
Хуманитарно и милосрдно здружение на Ромите "Месечина"
“Здравствена едукација на жени преку радио епизоди”
Иницијативата “Здравствена едукација на жени преку радио епизоди” беше
имплементирана од Хуманитарното и милосрдно здружение на Ромите "Месечина"
во партнерство со Организацијата на турските жени во Македонија “МАТУКАТ” и
Сојуз на жената Албанка.
Целта на оваа иницијатива е да се подигне свеста за здравјето, да информира
и потикне жените кон здравствена едукација и превенција од болести. За да ја
постигнат оваа цел, трите НВОи организираа радио епизоди на три теми:
Генекологија, Стоматологија и Интерна медицина. Со имплементирањето на оваа
иницијатива се овозможи и поставување на цврста врска помеѓу здравствениот
сектор и медиумите што се очекува да доведе до нивна понатамошна соработка.
E-mail:
ecmigostivar@ecmingonet.org.mk
19 Мај
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Штип
Тркалезна маса на тема образование
Иницијативниот тим од Регионалниот Цантар Штип кој работи на
тема образование организираше тркалезна маса со родителите на деца од прво
до четврто оделение. Овај настан беше започнат со кратко претставување на
мисијата и целите на ЕЦМП и продолжи со дискусија за потребите и проблемите
со кој се соочуваат децата. Од дискусијата произлезе дека децата треба
повеќе да се активираат, креативно во нивното слободно време и дека
непознавањето на македонскиот јазик на децата од ромска и турска
националност од руралните средини претставува огромна пречка за нивна
интеграција.
E-mail:
ecmistip@ecmingonet.org.mk
Мај
Организација на жени, Штип
Олимписка Кампања “Фер плеј на Олимписките игри”
Организацијата на жени од Штип, членка на ЕЦМП НВО Мрежата е
патнер во Олимписката Кампања “Фер плеј на Олимписките игри” подржана од
Clean Clothes Campaign, Oxfam and Global Trade Unions. Целта на кампањата е
да се привлеше вниманитето за лошите работни услови во глобалната спортска
индустрија. Организаторите на Фер Плеј на Олимписката Кампања веруваат дека
Меѓународниот Олимписки Комитет, Националниот Олимписки Комитет спортските
асоцијации и самите атлетичари ќе застанат против неприфатливите работни
услови во спортската индустрија. Ова е кампања која се води на светско ниво
и сите грагани можат да се приклучат преку потпишување на кампањската е-маил
петиција или преку испраќајне на писмото на
www.fairolympics.org.
E-mail:
ozstip@mt.net.mk
21 Mај
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Тетово
Работилница “Проблемите во образованието и културата”
Во
просториите на ЕЦМП Регионалниот НВО Ресурсен Центар Теотово се одржа
работилница на тема “Проблемите во образованието и културата”, организирана
од членките на овој центар. Целта беше да се продискутира за проблемите во
образованието и културата. На работилницата беа присутни наставници,
професори и претставници од областа на културата како и претставници од
невладиниот сектор, активен во овој регион. Еден од посочените проблеми за
кој се отвори широка дискусија беше поделбата на учениците по различни школи
во зависност од нивната етничка припадност. Исто така беа потенцирани и
недостатокот на едукативни работилници на кои би зеле учество учениците како
и самите родители и необучениот кадар, за користење на компјутери, посебно
од училиштата во руралните средини, како горливи проблеми во образованието.
Што се однесува до културата, самиот факт што единствено место за одржување
на различните културни настани е “Домот на културата”, зборува за лошите
услови и ограниченоста на културниот живот во Тетово.
E-mail:
ecmitetovo@ecmingonet.org.mk
25 Мај
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Тетово
“Универзитетско насочување на матурантите”
Со цел промоција на иницијативата “Универзитетско насочување на
матурантите” во просториите на ЕЦМП Регионалниот НВО Ресурсен Центар Тетово
се одржа прес конференција. НВО “Златна генерација” е носите на оваа пилот
иницијатива, во соработка со НВО “Мултикултура” и Хуманитарното здружение на
Ромите во Македонија "Сонце", членки на ЕЦМП НВО Мрежата. На прес
конференцијата, на која присуствуваа сите локални медиуми, беше објаснета
целта и фазите на имплементирање на оваа иницијатива. Во првата фаза на
имплементирање, иницијативата им беше презентирана на 200 матуранти во
големата сала на општина Тетово. Преку одржување на презентацијата се
овозможи селектирање на матурантите кои дирекно ќе бидат вклучени во
подоцнежните фази. Фтората фазата опфаќа подготовка на матурантите за
приемен испит, информирање и помош при собирањето на потребната
документација и посета на универзитетите во Тетово и Скопје. Во третата и
последна фаза ќе се направи анализа на постигнатите резултати. Фтората
фазата опфаќа подготовка на матурантите за приемен испит, информирање и
помош при собирањето на потребната документација и посета на универзитетите
во Тетово и Скопје. Во третата и последна фаза ќе се направи анализа на
постигнатите резултати.
E-mail:
ecmitetovo@ecmingonet.org.mk
Идни настани
Датум: 01.06.2004
Време: 12:00
Изложба во основното училиште “ Димитар Миладинов “-
Скопје за да се одбележи меѓународниот денот на детето, организирана од
Асоцијација на полјаците во Македонија "ПОЛОНИЈА".
Датум:
02.06.2004
Време: 17:00
Тркалезна маса за “Измени
и дополнувања на законот за здруженија на граѓани и фондацијии” во
Регионалниот Центар Штип
Датум:
02.06.2004
Време: 11:00
Како дел од настанот “
Влијанието на животната средина во детските креации “ организиран од
Здружение на Граѓани "АН-БЛОК" ќе се одржи работилница за стил на пишување и
предавање на тема “Екологијата – проблем и потреби” во основното училиште за
деца со специјални потреби”Иднина”
Датум:
03.06.2004
Време: 14:00
Како дел од иницијативата
“Стоп за дрогата”, имплементирана од НВО “Мултикултура” ќе се одржи турнир
во кошарка во Спортската сала во Тетово
Датум:
03.06.2004
Време: 09:00
Состанок на
Координативното тело на ЕЦМП НВО Мрежата во ЕЦМП Регионалниот НВО Ресурсен
Центар Штип
Датум:
03.06.2004
Време: 11:00
Како дел од настанот
“Влијанието на животната средина во детските креации “ еко и ликовна
работилница на тема екологија ќе се одржи во основното училиште за деца со
специјални птреби “Иднина”, организирна од Здружение на Граѓани "АН-БЛОК"
Датум:
04.06.2004
Време: 12:30
Заедничка изложба на
цртежи од двата настани “ Прославата на 1ви јуни меѓународниот денот на
детето “ и “ Влијанието на животната срдина во детските креации” ,
организирана од членовите на Регионалниот Центар Скопје ќе се одржи во
основното училиште “Димитар Миладинов”
Датум:
05.06.2004
Време: 11:30
Како дел од настанот
“Прослава на 1ви jуни, меѓународниот ден на детето”, ќе биде организирана
прослава во Основното Училиште за деца со специјални потреби “Иднина”,
Скопје од страна на Здружение на граѓани "АН-БЛОК"
Датум:
07.06.2004
Време: 09:00 – 15:00
Прослава по повод две
годишнината од отварањето на ЕЦМП Регионалниот НВО Центар Штип во Народната
библиотека “Гоце Делчев”
Датум:
12.06.2004
Време: 20:00
Настан под мото “Жвееме
живот без дрога, затоа што со дрога живот нема” ќе се одржи во градскиот
базен на Крива Паланка, организиран од Регионалната агенција за развој
Датум:
12.06.2004
Време: 09:00 – 16:00
Трета панел дискусија за
иницирање на диалог помеѓу локалната власт, бизнис секторот, медиумите и
НВОите во “Петрол Компани” како дел од иницијативата “Диалог на заедниците и
градење на капацитетите”
Датум:
19.06.2004
Време: 09:00 – 16:00
Работилница за иницирање
на диалог помеѓу локалната власт, бизнис секторот, медиумите и НВОите во
Охрид како дел од иницијативата “Диалог на заедниците и градење на
капацитетите”
<< почеток на страницата |