|

Месечен електронски информатор на
ЕЦМП НВО Мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Република
Македонија
-
Иницијатива за развој на општеството -
Септември 2004, број 29

Ова е информаторот на
ЕЦМП НВО Мрежата за
подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија.
Оваа мрежа е резултат на заедничката иницијатива помеѓу
Европскиот центар за
малцински прашања (ЕЦМП),
од Фленсбург, Германија и членките на Мрежата. Оваа Мрежа ќе ја зголеми
соработката на НВОи-членки кон развој и унапредување на меѓуетничката
толеранција, почитување на разликите и дијалогот помеѓу оние кои живеат во
Република Македонија. Посебно, оваа НВО Мрежа цели да ги зајакне
капацитетите на НВОи-учеснички да создаваат заеднички проекти и други
иницијативи со силна меѓуетничка димензија и да ги имплементираат таквите
иницијати
ви.
Предходни изданија на Информаторот на
ЕЦМП НВО Мрежата:
www.ecmingonet.org.mk/
publications_mk.htm
Контакт Информации:
ЕЦМП
Регионална канцеларија Скопје
Ул. Мајка Тереза 13а, 1000 Скопје
Телефон: +389 (0)2 3215 637; 3215 638
Факс: +389 (0) 2 3215 639
E-mail:
ecmimkd@ecmingonet.org.mk.
www.ecmingonet.org.mk
www.ecmi.de
ЕЦMП Проектот во Македонија е
финансиран со великодушна поддршка на:




ЕЦМП Регионални НВО Ресурсни Центри
ЕЦМП Регионален Центар Скопје
Адреса: Мајка Тереза 13а, Скопје
Телефон/Факс: 389 (0)2 3215 637 Email:ecmiskopje@ecmingonet.org.mk
Лице за контакт: Гордана Цветкоска
ЕЦМП Регионален Центар Куманово
Адреса: Локалитет Гарнизон 1/1-2
Телефон / Факс: 389 (0)31 425 456
Email:ecmikumanovo@ecmingonet.org.mk
Контакт Лице: Елена Петковска
ЕЦМП Регионален Центар Битола
Адреса: Јосиф Христовски 4/4, Битола
Телефон / Факс: 389 (0)47 236 874
Email:ecmibitola@ecmingonet.org.mk
Контакт Лице: Лидија Ангелковска
ЕЦМП Регионален Центар Гостивар
Адреса: 18ти Ноември 37а, Гостивар
Телефон / Факс: 389 (0)42 212 273
Email:ecmigostivar@ecmingonet.org.mk
Контакт лице: Небија Исмаили
ЕЦМП Регионален Центар
Штип
Адреса: Ванчо Прке 62/3-2, Штип
Телефон / Факс: 389 (0)32 382 510
Email:
ecmistip@ecmingonet.org.mk
Контакт лице: Драгана Митровиќ
ЕЦМП Регионален Центар Тетово
Aдреса: Илинденска 97, Tетово
Телефон / Факс: 389 (0)44 339 031
Email:ecmitetovo@ecmingonet.org.mk
Контакт лице: Елвира Муртезани
Се надеваме дека ова издание на информаторот на ЕЦМП
НВО Мрежата ви беше од корист.
Доколку имате било какви коментари или предлози за
подобрување на овој информатор, ве молиме контактирајте со Верица Грданоска
на:
grdanoska@ecmingonet.org.mk
|
|
..
.
Вести
Roma Women
Organization from Macedonia DAJA Kumanovo
Campaign
The future is your choice
Roma Women Organization
from Macedonia DAJA Kumanovo, member of the ECMI NGO Network, started
with realization of campaign named The future is your choice. The campaign
is aimed to raise the awareness of the Roma womens rights through
explaining the possibilities for their involvement in the political
processes.
In the frame
of the campaign for bigger participation of Roma women in politics, a survey
was conducted within 1 500 Roma women from 15 towns in Macedonia: Kumanovo,
Kriva Palanka, Skopje, Stip, Delcevo, Pehchevo, Berovo, Kocani, Vinica,
Prilep, Bitola, Kicevo, Debar, Gostivar and Tetovo.
E-mail:
ecmikumanovo@ecmingonet.org.mk
Септември 10
ЕЦМП
Регионален НВО Ресурсен Центар Скопје
Едукација за рак на дојка
Тридневниот тренинг за Едукација за рак на дојката кој се одржа во село
Арачиново, беше организиран од Организацијатa на жените од Арачиново
Арачина во партнерство со Центарот за култура и конструктивна акција -
"НЕВЕН", Организацијата на турските жени во Македонија "ДЕРЈА" и Унијата за
култура на Власите во Македонија.
Целта на овој тренинг е подигање на свеста за значењето на регуларните
прегледи во превенцијата на ракот на дојка. За да ја постигнат својата цел,
организациите во соработка со генеколог од Здравствениот Дом, Скопје
едуцираа 60 жени од Арачиново за самопроверка и превенцја од ракот на дојка.
Локалната телевизија ТВ ЕРА и весникот Факти известија за овој настан како
еден од најзначајните за повторно заживување на општината поле кризата во
2001 година.
објавено: септември 10 2004
E-mail:
ecmiskopje@ecmingonet.org.mk
Центар на ромската заедница
"ДРОМ"
Регионални советувалишта
Центарот на ромската заедница "ДРОМ", членка на ЕЦМП НВО Мрежата е назначен
за локален координатор за Регионалните советувалишта во Куманово, Крива
Паланка, Кратово, Липково и Свети Николе, како дел од иницијативата Индекс
на граѓанското општество во Македонија. Целта на оваа интернационална
истражувачка иницијатива е евалуација на состојбата на граѓанскиот сектор
низ целиот свет преку што би се придонесло кон негово зајакнување и развој.
Со цел да се даде реална слика за граѓанскоит сектор во Македонија, опфатени
се повеќе аспекти на истражување и тоа: структурата на НВО, средината во
која работи, поставените вредности и нејзиното влијание во заедницата.
Првата презентација на резултатите од досегашното истражување во кое беа
вклучени НВО, локалната власт, медиумите и граѓаните, ќе се одржи во ЕЦМП
Регионалниот Ресурсен Центар Куманово. Инивијативата е подржана од Светската
Алијанса за граѓанско учество ЦИВИЦУС, а имплементирана во Македонија
преку Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка.
E-mail:
ecmikumanovo@ecmingonet.org.mk
ЕЦМП
Регионален НВО Ресурсен Центар Штип
Фокус група за културните проблеми и потреби
Со цел да се приберат информации за проблемите и потребите на граѓаните од
Штип, се одржа фокус група со 19 учесници во просториите на ЕЦМП
Регионалниот Центар Штип. Се разговараше за запознаеноста на граѓаните со
верскит обичаи како и нивната воља да научат повеќе за обичаите на другите
религии. Резултат од одржувањето на оваа фокус група е заклучокот дека
граѓаните многу малку знаат за верските обичаи но сакаат да стекнат знаење
кое ќе можат да го искористат за зближување и меѓусебно разбирање со
припадниците на другите религии. Недостатокот на информации за верските
обичаи е она што недостига па беше предложено во иднина да се одржат неколку
дебати, работилници и предавања на оваа тема.
E-mail:
ecmistip@ecmingonet.org.mk
Септември 25
ЕЦМП
Регионален НВО Ресурсен Центар Гостивар
Тренинзи за зацврстување на капацитетите
Како дел од иницијативата Додатни тренинзи за НВО членките на ЕЦМП
Регионалниот Центар Гостивар, се одржаа три тренинзи на тема: стратешко
планирање, комуникација преку методите на трансакционална анализа и
организационен менаџмент. Целта на додатните тренинзи е зголемување на
капацитетите на НВО членките. Пренесувањето на стекнатите вештини од страна
на 20те учесници во нивната организација се користи како алатка за
зголемување на ефектот од оваа иницијатива. Асоцијацијата за развој на
општеството е носител на оваа иницијатива во партнерство со Центарот за
заштита на правата на ромите и Здружението за едукација и култура Милениум
.
E-mail:
ecmigostivar@ecmingonet.org.mk
Септември 12
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Штип
Отварање на Класик играчница
Како дел од библиотеката Гоце Делчев во Штип, се отвори Класик
играчница која има за цел да ги мотивира, забавува и образува најмладите
посетители на библиотеката. За де се одбележи соодветно ваквиот настан беше
организиран дводневен турнир на кој 47 ученици од основните училишта се
натпреваруваа во игри како : шах, дама, монопол, табланет итн. На
победниците на турнирот им беа врачени награди на денот на отварањето на
играчницата, а како дел од свеченото отварање беше одржана и прес
конференција за локалните медиуми. На настанот беа присутни и претставници
на основните училишта од Штип, локалната власт, НВОа и други граѓани.
Иницијативата за отварање на Класик играчница е на членките на ЕЦМП
Регионалниот Центар Штип, кои собраните средства од изложбата на постери,
одржана за време на одбележувањето на двегодишнината на Центарот, ги донираа
во играчки. Фондот на забавни игри на играчницата беше зголемен и со
донирањето од страна на граѓаните.
E-mail:
ecmistip@ecmingonet.org.mk
Септември 21
ЕЦМП Регионален НВО Ресурсен Центар Тетово
Преку едукација до намалување на насилството
Насилното однесување на учениците од различна и од иста етничка група во
Тетово е во постојан подем. Со цел да се влиае кон решавањето на овој
актуелен проблем се иницираше проектот Преку едукација до намалување на
насилството, од страна на три НВОи: Среќен живот, Мултикултура и Центар
за демократски развој. Целта на иницијативата е тренинг на наставниците од
руралните средини за поседување на вештини за ненасилна комуникација и
актуелизација на проблемот на насилното однесување преку отворени радио
емисии. На 15 септември се одржа инициален состанок со директорите на
основните училешта од Јагуновце, Вратница, Шипковица, Стенче, Глоѓи и Теарце
во просториите на ЕЦМП Регионалниот Центар Тетово. Беше разговарано за
целите на иницијативата и идејата за дирекно вклучување на наставници во
нејзините активности. На состанокот беа присутни и претставници од Бирото за
развој на образованието од Тетово кои показаа интерест за учество во
активностите на иницијативата. Првиот состанок со наставниците од основните
училишта од Јагуновце, Вратница, Шипковица, Стенче, Глоѓи и Теарце се одржа
во основното училиште Кирил Пејчиновиќ , Теарце .
E-mail:
ecmitetovo@ecmingonet.org.mk
Идни настани
Датум: 09.10.2004
09:00-16:00
Еднодневен семинар За чесниот човек секое дрво е дрво на животот ќе се
одржи во ЕЦМП Регионалниот Ресурсен Центар Куманово како дел од Иницијативи
за формирање на школа за млади екологисти, организирана од Еколошко друштво
ИЗГРЕВ Свети Николе, Куманово
Датум:
12.10.2004
19:00
Трибина Како да го легализираш твојот мал бизнис ќе се одржи во Крива
Паланка како дел од иницијативата Тренинг работилница за поставување и
легализирање на мали бизнис претпријатија за етничките малционства од
Куманово, Крива Паланка и Свети Николе
Датум:
16.10.2004
Дводневен состанок на Координативното Тело во ЕЦМП Регионалната Канцеларија
Скопје
Датум:
20.10.2004
19:00
Трибина Како да го легализираш твојот мал бизнис ќе се одржи во Свети
Николе како дел од иницијативата Тренинг работилница за поставување и
легализирање на мали бизнис претпријатија за етничките малционства од
Куманово, Крива Паланка и Свети Николе
Датум:
22.10.2004
Дводневната работилница Непочитување на човековите права мотив за
конфликти ќе се одржи во рекреативниот центар Стрежево, како дел од
иницијативата Младински клубови за ученичко посредување, имплементирана од
Балканско здружение за соработка
Датум:
27.10.2004
19:00
Трибина Како да го легализираш твојот мал бизнис ќе се одржи во Куманово
како дел од иницијативата Тренинг работилница за поставување и легализирање
на мали бизнис претпријатија за етничките малционства од Куманово, Крива
Паланка и Свети Николе
<< почеток на страницата |