Како започнавме ?
Европскиот центар за малцински прашања e германско-дански акционен центар за експертиза во врска со етнополитичкиот судир и негово решавање, затоа започна повеќеслојна програма за цивилно општество што се однесува на Балканот. Клучен елемент е блиската соработка со локалните партнери чие право врз овие проекти се зголемува со времето.
Овој проект на Тркалезна маса на НВО-и за меѓуетничките односи во Македонија има за цел да ги оспособи локалните НВО-и да создаваат висококвалитетни проекти во врска со цивилното општество. Овој проект директно ги поканува овие оранизации да ја увидат својата улога да застапуват интереси, а не етнички групи.
Во 2001 година проектот беше организиран во блиска соработка со локален партнер на ЕЦМП, Центарот за бегалци и присилни миграции (ЦБПМ) при Институтот за социолошки, политички и правни истражувања (ИСППИ) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје.
Поради многу големиот број на НВО-и во Македонија, од кои не се сите подеднакво активни, проектот започна со 43 веќе докажани НВО-и кои усвоија кодекс на најдобра пракса, на кој другите ќе бидат поканети да се придружат. Тие се ангажирани во обиди на соработка за создавање одржливи и инклузивни проекти кои ќе имаат резултат врз македонското општество. Овие проекти потоа се претставени до меѓународните тела за финансирање. Совети и помош во извршувањето на проектите, исто така, може да бидат понудени откако финансирањето веќе започнало. Уште повеќе, резултатот на оваа иницијатива се очекува да се прошири преку поврзување со мрежни иницијативи на НВО-и во другите балкански држави.
Европскиот центар за малцински прашања (ЕЦМП), организираа прв состанок на Тркалезна маса на НВО-и за меѓуетничките односи во Македонија, во Фленсбург, Германија, од 10 до 13 декември, 2000 г. Овој состанок беше посетен од страна на повеќе од 20 домашни НВО-и од Скопје и други делови на земјата кои најмногу се занимаваат со областа на човековите права, цивилно општество и решавање на конфликти; прашања поврзани со жените; и медиуми. Во исто време, беше претставен најголемиот дел етнички заедници кои живеат во земјата (албанската, бошњачката, македонската, ромската, српската, турската и влашката). Понатаму, претставник од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и од Советот на Европа како иосум меѓународни експерти за малцински прашања и мрежно поврзување во области на човековите и малцински права, беа поканети. Работниот јазик беше англиски. Како резултат на овај состанок е и ДЕКЛАРАЦИЈАТА потпишана од учесниците на тркалезната маса.
Првиот состанок беше одржан во Фленсбург, во срцето на германско-данскиот пограничен регион, за да се понуди неутрална средина и атмосфера кои би промовирале дијалог, соработка и размена на идеи. Оваа одлука, исто така, беше мотивирана со желбата на македонските учесници да научат повеќе за искуствата во односите помеѓу малцинството имнозинството. Почетокот на проектот беше овозможен со великодушните грантови на Министерство за надворешни работи - Секретаријат за мир и стабилност (ФРЕСТА) на Кралството Данска и Министерство за надворешни работи на Норвешка. Идејата да се иницира овој проект беше зачната во декември 1999 и тој беше отпочнат по обемни истражувања, подготовка како и посета за утврдување на фактите во земјата во јуни 2000.
Мисија на ЕЦМП НВО мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија
Градење и развој на мрежа на НВО посветени на подобрување на меѓуетничките односи во Република Македоинија
Крајната цел на овој проект
Крајната цел на овој проект е да се потпомогне конструктивната дискусија меѓу домашните НВОи во Македонија по прашањето на меѓуетничките односи за да се идентификува терен за заедничко делување. Беа поставени две главни цели: (1) да се охрабри развивањето на заеднички НВО предлог проектикои ги преминуваат етничките линии и кои одговараат на потребите на локалните заедници; и (2) да се воспостави мрежа на НВОи посветени на заедничка работа за да се подобри меѓуетничката комуникација и меѓуетничките односи. Една година подоцна и покрај огромните препреки овие цели беа остварени: на 18 декември 2001, „ЕЦМП НВО мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија„ официјално отпочна со работа во Скопје.
Цели на мрежата
- Унапредување на заемна соработка преку размена на сите достапни ресурси;
- Иницирање и имплементација на заеднички проекти;
- Зголемување на влијанието (на НВО) во заедницата;
- Создавање и развој на заедничка стратегија за подобрување на меѓуетничките односи;
- Проширување на мрежата
Меморандум за соработка (PDF,192 KB)
ЕЦМП НВО Мрежата е иницирана од самите членки, и се ослонува на нејзиниот клучен документ Меморандумот за соработка чиа основа е поставена во Декември 2001 година. Меморандумот за соработка ги опфаќа Критериумите за прием на членки во Мрежата, Кодексот на однесување и Акциониот план на НВО Мрежата, во годината на оснивањето. Овој оснивачкиот документ се надоградуваа на секое Генерално собрание со амандмани кои ги рефлектират неопходните промени на Мрежата. Со оглед на тоа што членките секоја година предлагаат и изгласуваат нови амандмани на Меморандумот за соработка, се создава силно чувство на сопственост и припадност кон ЕЦМП НВО мрежата.
Координативно тело на ЕЦМП НВО Мрежата
Координирачкото тело е составено од дванаесет претставници на НВО-ите и еден претставник на ЕЦМП. Шест членови го претставуваат мултиетничкиот состав на Мрежата, а другите шест ги претставуваат регионите каде што се сместени Регионалните центри. Координативното тело е раководено од избраниот претседавач.
Координативното тело ја превзема главната одговорност за имплементација на активностите; за кординирање на членовите на мрежата; за формулирање на оддржлива стратегија на мрежата; за заедничко лобирање за мрежата и одржување на редовни контакти со Регионалните центри.
ЕЦМП Регионални НВО Ресурсни Центри
Во текот на 2002 година беа основани шест Регионални НВО Ресурсни Центри како неутрална основа за сите НВО членки во развивањето, координирањето и имплементацијата на заеднички пројекти кои се вкрстуваат околу меѓуетничките прашања.
Пегионалните Центри се наоѓаат во градовите Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Битола и Штип. Нивнота улога е овозможување неутрален простор за НВО членките со цел да се надминат пречките и да создадат услови за работа надвор од влианието на етничките политики.
Што правиме
- зацврстување на капацитетот на НВО членките за изнаоѓаа ње и имплементир ње на меѓуетнички пројекти (низ тренинг, совети, фасцилитирање на дијалог помеѓу НВО-ите и целните групи , локалните власти и локалните медиуми, и низа на други мерки кои допринесуваат за зголемување на капацитетот);
- зајакнување на кредибилитетот на НВО-ите преку развивањето и придружување кон заедничкиот Кодекс н а однесување;
- поддршка на создавањето на заеднички меѓуетнички пројекти од самите НВО-и, нивно претставување на донаторите, и нивно имплементирање .
2002/2003
Oколу 70 теренски НВО-и од Македонија се дел на Мрежата во обид за идентификација на заедничка основа за акција по прашањата што се однесуваат на унапредувањето на меѓуетничкиот дијалог во Република Македонија. Нивната активност во заедницата ги прави препознатливи и високо почитувани партнери. Ова доведе и кон создавање на цврсто партнерство со локалната власт и со бизнис секторот. За време на постоењето на ЕЦМП НВО Мрежата, членките имаат генерирано над 60 и имаат имплементирано над 45 пилот пројекти за да допринесат кон подобрувањето на меѓуетничките односи во Република Македонија.
Еден од резултат на вмрежувањето е и воспоставувањето на Внатрешните подмрежи во 2002/2003 година, Младинската Мултикултурна Инициатива (ММИ),Образовната Мрежа, Мрежата за животна средина и Работната група за малцински права. Покрај официјално поставените Подмрежи, голем број Ромски НВО-и кои се дел од ЕЦМП НВО Мрежата воспоставија спонтана но цврста меѓусебна соработка.
Внатрешните подмрежи имаат позитивен импакт врз работата на членките кои се дел од нив. Една од предностите е создадената основа за адресирње на приоритетните прашања и прашањата од заеднички интерес на национално ниво. Дотолку повеќе, кумулативната сила на НВО-ите кои работат здружено е многу повисока споредено со нивните индивидуални капацитети. Подмрежата исто така е поуспешна во мониторингот на владината политика на полето на кое тие работат Лобирањето за воспоставените приоритети на Подмрежите е многу полесно остварливо со оглед на квантитативното и квалитативното влијание. Земено во целина, може да се констатира дека подмрежите и додаваат еден субстанцијален плус на ЕЦМП НВО Мрежата поради нивната професионална активност во одделните области за кој се специализирале и импактот на нивната работа на национално ниво.
Каде сме сега
Низ 2003 и 2004 година, преку Координативното тело, ЕЦМП фасцилираше во елаборирање на стратегија за 2005 – 2007 година која е дизајнирана да обезбеди понатамошен развој и одржливост на оваа иницијатива. Оваа стратегија сега е комплетирана и нуди јасни докази за успехот на оваа долготрајна иницијатива на ЕЦМП. Како дел од стратегијата за одржливост и понатамошен развој, самите членови на мрежата ја дизајнираа и отпочнаа имплементацијата на следните напредни и особено интересни иницијативи :
* Воспоставувањето на Регионалните НВО коалиции во Битола, Тетово и Куманово како формални коалиции кои примарно ќе функционираат на општинско ниво во периодот од 2005 -2007,
* Создавање на независна национална НВО Мрежа – Иницијативи за развој на општеството, која ќе функционира со нова мисија која ќе се фокусира на економскиот развој преку партиципација, интеграција и подеднакви можности.
* Развојот на секторските Мрежи (еколошка мрежа, младинска мултикултурна иницијатива, образовна мрежа и работна група за малцински прашања).
Оваа иницијатива на ЕЦМП ќе резултира со независни и одржливи структури.
|