| |
Истражувањa на Експертските Групи
|
Во текот на 2005 година, Ромските експертски групи за интеграција на ромите спроведоа истражување кај Ромската популација. Врз основа на тоа истражување беше изработен Извештај, кој во септември 2005 година беше презентиран на пошироката јавност.
Во текот на 2006 годинa, Ромските експертски групи за интеграција на Ромите продолжија со своите активности, меѓу кои и истражувања во областа на Ромската интеграција. Во периодот од октомври 2005 до фебруари 2006, Експертските групи активно се подготвуваа за новата серија на истражувачки проекти. Теренското истражување за овие проекти ќе се одвива од март до јули 2006 година. Во тој контекст, на заедничкиот состанок кој ќе се одржи на 16 март, Ромските експертски групи ќе ги презентираат нивните истражувачки теми пред меѓународните организации, македонската влада, ромските политички партии, невладините организации, медиумите итн. Заедничкиот состанок во Март ќе создаде и можност за сите идни актери во процесот на Ромската интегарција за синергија на нивните активности насочени кон подобрување на ситуацијата на Ромите во Македонија.
Истражувачките теми на Ромските експертски групи за интеграција на Ромите се:
Експертска група за граѓански права
- "Општествениот статус на Ромите пред и по донесувањето на Охридскиот рамковен договор – Субјективното чувство на Ромите во однос на Охридскиот рамковен договор“
- Каков е ставот на Ромите кон политичките партии и причини за нивна (НЕ) партиципација
Експертска група за вработување
- "Активните мерки за вработување и нивниот ефект во ромската заедница“
Експертска група за здравство
- "Информираноста на мажот и жената кај ромската популација за семејно планирање и сексуално преносливи инфекции“
- "Довербата на Ромите во здравствените институции, искуството и познавањето на правата за здравственото осигурување и заштита“
Експертска група за образование
- "Подобро училиште низ очите на децата етнички Роми, етнички Македонци и етнички Албанци“
- “Децата бегалци и нивната интеграција во образовниот процес“
|
Конференција “Малцинствата во демократија”
|
Третата конференција “Малцинствата во демократија”, организирана од Европскиот центар за малцински прашања (ЕЦМП) и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), се одржа на 7 декември во Клубот на пратеници.
Спојуваќи академици, експерти, претставници на државните институции и локалните власти, претставници на медиумите, НВО секторот и Универзитетите, конференцијата започна со краток осврт врз нејзината цел и историја од страна на претставниците на КАС и ЕЦМП во Скопје. Мабера Камбери, претставник на Министерството за труд и социална политика, го направи почетното обраќање, давајќи осврт на започнувањето и активностите на Декадата на ромите 2005 – 2015.
Главната програма на конференцијата беше  организирана во три сесии, секоја од нив проследена со дискусија помеѓу панелистите и публиката. Во првата сесија, насловена “Каде малцинството е мнозинство“, се зборуваше за импликациите од процесот на децентрализација и Законот за локална самоуправа врз општините во Република Македонија. Сесијата ја водеше Панде Лазаревски од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, додека панелисти беа Имер Селмани, Градоначалник на општината Сарај; Нузи Шахин, Градоначалник на општината Жупа и Гордана Силјановска, професор на правниот факултет.
Втората сесија, “Што е идентитет“, беше водена од Мирјана Најчевска, Хелсиншки комитет за човекови права. Панелисти беа Исо Руси, главен уредник на албанскиот неделник Лоби; Жидас Даскаловски, Центар за истражување и креирање политики; Ветон Љатифи, ЈЕЕ Универзитет и Димитар Мирчев, Факултет за социологија.
“Медиумите и малцинствата“ беше насловот на третата сесија, каде Драган Антоновски, новинар од Канал 5; Зоран Димов, БТР телевизија и Даут Даути, Македонски институт за медиуми дискутираа за придонесот на медиумите кон информираност или дезинформираност, интеграција или сегрегација и меѓусебно разбирање или неразбирање. Сесијата ја водеше новинарот Зоран Бојаровски. |
Конференција “Учество на малцинствата – воспoставување на рамнотежа“
|
|
Конференцијата “Учество на малцинствата–воспoставување на рамнотежа“ беше одржана на 6 декември во хотел “Арка“, Скопје. Организатори беа Европскиот центар за малцински прашања и Фондацијата Фридрех Еберт.
На конференцијата се разговараше за проблемите поврзани со спроведувањето на правото на учество на малцинствата и поврзаноста помеѓу децентрализацијата во југо-источна Европа и зголемувањето на можноста за учеството на малцинствата во политичкиот и социалниот живот.
На првата сесија “Учество на малцинствата во југо-источне Европа – Регионална перспектива: развој, потреба и предизвици“ зборуваа: Винцент Де Граф, Правник при Високиот комитет за национални малцинства на ОБСЕ и Стефани Маршал, Администратор при Секретаријатот на рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, Совет на Европа.
Панелисти на втората сесија, “Националните структури и нивниот ефект – правните рамки и реалноста“ беа: Катерина Црнјански, Експерт при Истражувачкиот центар за етнички заедници од Белград; Лидија Георгиевска од Канцеларија на Народниот првобранител од Македонија и Гјерги Синани од Албанскиот Хелсински Комитет.
“Децентрализацијата и учество на малцинствата: Алатка за зголемување на учеството на малцинствата: теорија и практично искуство“, беше темата на третиот панел. Учесници беа: Флориан Бибер, ЕЦМП; Невзат Бејта, Градоначалник на Гостивар; и Тамас Корхеќ, Вице премиер на Извршниот совет на Војводина и Провинцискиот секретарјат за регулација, администрација и национални малцинства од Србија и Црна Гора. |
Европскиот Центар за Малцински Прашања, го одбележа завршувањето на успешната иницијатива “НВО Мрежа за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија” |
Европскиот Центар за Малцински Прашања, го одбележа завршувањето на успешната иницијатива “НВО Мрежа за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија”, на 30 август во хотелот Holiday Inn, преку кратка презентација на на активностите и резултатите на проектот од страна на, Г-ѓа Ева Чулински, Заменик Директор на ЕЦМП и Г-ин Роберт Шуп, Шеф на ЕЦМП програмата во југо-источна Европа. На презентацијата зедоа учество и претставници на новоформираните НВО Регионални коалиции од Куманово, Битола и Тетово, преку презентерање на на нивната мисија, цели и планови.
Од нејзиното востановување во 2001, ЕЦМП НВО Мрежата брзо се разви во динамична мрежа управувана од членките, со цел подобрување на меѓуетничките односи преку промовирање на соработка помеѓу НВО членките во идентификувањето на заедничка основа во делувањето по прашања поврзани со унапредување на меѓуетничкиот дијалог во Република Македонија. Мрежата составена од 78 локални организации работеше постојано во насока на зголемување на кредибилитетот на НВОи при застапувањето на нивните локални заедници и градењето на капацитетите на локалните НВОи преку конципирање и имплементација на заеднички проекти.
Во изминатата година, преку координативното тело, ЕЦМП фасилитираше во елаборирање на стратегија за наредниот период која е дизајнирана да обезбеди понатамошен развој и одржливост на оваа иницијатива. Оваа стратегија сега е комплетирана и нуди јасни докази за успехот на оваа долготрајна иницијатива на ЕЦМП. Како дел од стратегијата за одржливост и понатамошен развој, самите членови на мрежата ја дизајнираа и отпочнаа имплементацијата на следните напредни и особено интересни иницијативи:
• Воспоставувањето на Регионалните коалиции во Битола, Тетово и Куманово како формални коалиции кои примарно ќе функционираат на општинско ниво
• Создавање на независна национална НВО Мрежа – Иницијативи за развој на општеството, која ќе функционира со нова мисија која ќе се фокусира на економскиот развој преку учество, интеграција и еднакви можности
• Развој на секторски мрежи (еколошка мрежа, младински мултикултурни иницијативи, мрежа за образование и работна група за малцинки прашања
За повеќе информации: grdanoska@ecmimacedonia.org |
Истражување на Експертските Групи при иницијативата Ромски Експертски Групи за Ромска Интеграција |
Експертските групи за интеграција на Ромите започнаа со своите истражувања и се очекува до крајот на месец мај да завршат со работа на терен.
Групите се подделени во седум истражувачки тимови и темите на истражувањата се во четири области ( здравство, образование, вработување и права на граѓаните). По завршувањето со истражувањето на терен, дел од членовите на експертските групи ќе поминат обука за обработка на податоци , и заедно сите обука за пишување на извештај по спроведено истражување. По завршувањето на овие обуки секој истражувачки тим ќе работи на обработка на податоците од нивното истражување и ќе напишат извештај по спроведеното истражување, во кој ќе бидат вметнати и одредени препораки кои се однесуваат на подобрување на положбата на припадниците на Ромската заедница, а кои се насочени кон Владата на РМ.
За повеќе информации: ibrahimi@ecmirom.org
|
Презентација на ЕЦМИ проектите „ Ромски Експертски Групи за Интеграција“ |
Во светло на лансирањето на Декадата на Ромите и прославата на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, ЕЦМИ ја организираше првата заедничка средба на Ромските Експертски Групи за Интеграција на Ромите. ЕЦМИ проектот беше официјално претставен пред идните релевантни актери за интеграцијата на Ромите: претставници на различити министерства, политички партии, политички партии, медиуми, меѓународни организации итн. Во текот на презентацијата на проектот, во прегледот на минатите и сегашните активности беше даден и краток преглед на идните активности до и после Септември 2005. Експертските групи се покажаа како компетентни и професионални експерти кои ги најавија нивните истражувачки проекти:
ЕЦМИ Експертската група за Образование ќе ги направи следните истражувања во периодот Април – Јуни 2005:
- Осипот на ромските деца во образованието
- Улогата на родителите во образованието на нивните деца
ЕЦМИ Експертската група за Граѓански права ќе ги направи следните истражувања во периодот Април – Јуни 2005:
- Позицијата на студентите Роми во Високото образование
- Степенот на познавање на Ромската популација со човековите права и слободи
ЕЦМИ Експертската група за Здравство ќе ги направи следните истражувања во периодот Април – Јуни 2005:
- Најчестите болести кај Ромите и причините за нивното настанување
- Вакцинацијата кај Ромските деца
ЕЦМИ Експертската група за Вработување ќе ги направи следните истражувања во периодот Април – Јуни 2005:
- Идентификација на профилите на невработени Роми во Р. Македонија
- Причините за невработеност и мотивираноста на Ромската популација
Септември ќе биде месец на крајните резултати на истражувањата каде широката јавност и клучните актори за Интеграцијата на Ромите ќе бидат повикани. Групите во иднина ќе бидат линк помеѓу Владата, политичките партии и меѓународните организации – заедно тие би можеле да играат значајна улога како идни агенти на промените.
За повеќе информации: ibrahimi@ecmirom.org |
Активности за презентација на препораките на Иницијативата за стратешки дијалог на регионално и локално ниво
Локалниот форум во Тетово се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа, на 29 Март со цел презентација на препораките изработени во рамките на ЕЦМП Иницијативата за стратешки дијалог. Локалниот форум беше организиран во соработка со локалната коалиција на НВОа од Тетово, пред се при идентификувањето на заинтересираните страни во локалната заедница. Презентери на препораките беа: Веби Беџети (образование), Благоја Наневски (економија), Сузана Салиу (човекови права) и Дончо Донев (здравство).
50 гости го следеа настанот, меѓу кои и новите членови на Советот на Градот, Директори на основните и средните училишта од Тетово, Акадамици од Универзитетите во Тетово, Здравствени работници и раководители од Градската Болница, како и бизнисмени од Тетово.
Отворениот форум беше покриена од локалните медиуми на албански и македонски јазик.
Локаниот форум во Куманово, одржан на 30 Март, на кој се презентираа препораките од ЕЦМП Иницијативата за стратешки дијалог, беше посетен од над 70 луѓе. Настанот, одржан во ресторанот Рим-Парис, беше ораганизиран во соработка со Коалицијата за меѓуетничка соработка, локален партнер на ЕЦМП.
Презентери на препораките беа: Соња Арсовска (образование), Сузана Салиу (човекови права), Марија Зарезанкова–Петковска (економија) и Владимир Лазаревски (здравство).
Меѓу присутните беа и водечкиот кандидат за Градоначалник, советниците во Градскиот Совет, високи претставници од Министерството за внатрешни работи, пратеници во Парламентот од Куманово, претставници на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието.
Локаниот форум во Битола, одржан на 31 март во хотел “Епинaл”, беше организиран во соработка со локалната НВО коалиција “Центар за Демократска Иницијатива ” , Битола.
Презентери на препораките беа: Тихомир Јовановски (економија), Дијана Георгиевска (здравство), Мирослав Стојанов (образование) и Филип Стојановски (човекови права). На настанот имаше околу 50 посетители и тоа: претставници на Универзитетот во Битола, Министерството за внатрешни работи, како и претставници на НВО секторот.
На локалниот форум беа присутни и локалните печатени и електронски медиуми.
Во хотелот Турист, Крива Паланка се одржа презентација на препораките од областа на човековите права, образованието, здравството и економијата, изработени во рамките на ЕЦМП Иницијативата за стратешки дијалог. Презентацијата е дел од промотивната кампања за запознавање на јавноста со препораките и можноста за нивно имплементирање на локално ниво. Презентери беа претставниците на Коалицијата за меѓуетничка соработка од Куманово и тоа: Лидија Илиевска која ги презентираше препораките за образование, Живка Христовска за здравство, Нако Николовски за човекови права и Свето Стојановски за економија.
Трибина на тема “Образование и препораки за подобрување на образовниот систем во Македонија” беше одржана на 14 март во хотел Битола. На трибината, м-р Мирослав Стојанов, д-р Методија Стојановски и др. Дијана Горѓиевска, претставници на работнита група за образование на ЕЦМП Иницијативата за стратешки дијалог, ги презентираа препораките за образование. На трибината зедоа учество околу 40 битолчани, директори и наставници на средни и основни училишта, професори и студенти од педагошкиот факултет, претставници на НВО секторот и локалните медиуми.
Трибината е дел од промотивната кампања за запознавање на јавноста со изработените препораки од областа на човековите права, образованието, здравството и економијата, во рамките на ЕЦМП Иницијативата за стратешки дијалог
НВО коалиција “Центар за демократски иницијативи”, Битола на 18 март организираше трибина на тема здравство во високата медицинска школа во Битола, на која беа презентирани препораките од работнита група за здравство, дел од ЕЦМП Иницијативата за стратешки дијалог. Препораките беа презентирани пред здравствените работници, претставниците на НВО секторот и медиумите од Битола, од страна на Др. Дијана Горѓиевска и Др. Сузана Сулејман, членови на работната група за здравство. Преку дискусијата, присутните ги дадоја своите позитивни оценки за препораките и даваа предлози за нивно имплементирање на локално ниво.
Коалицијата за меѓуетничка соработка од Куманово, преку своите претставници, Феат Камберовски и Соња Арсовска, на 18 март беше гостин во емисијата “Отворено за” на РТВ Куманово. Целта беше презентирање и дискусија за препораките од работнита група за образование, дел од ЕЦМП Иницијативата за стратешки дијалог. Во текот на емисијата, на кратко беа претставени и целите и активностит на Коалицијата за меѓуетничка соработка која ги имплементира своите активности на ниво на општина Куманово.
Гостувањето во емисијата е дел од промотивната кампања за запознавање на јавноста со изработените препораки од областа на човековите права, образованието, здравството и економијата, во рамките на ЕЦМП Иницијативата за стратешки дијалог.
nasokovska@ecmimacedonia.org
|
Работилници со регионалните сојузи на НВОи
|
На почетокот на месец Февруари, ЕЦМП започна со реализација на промотивни активности преку кои, претходно изработените препораки во рамки на Иницијативата за стратешки ди ja лог ќе се дисеминираат на национално и локално ниво до засегнатите страни и граѓаните. На локално ниво програмскиот тим на ЕЦМП одржа три работилници со регионалните сојузи на НВОи. Во Битола работилницата беше реализирана на 1 Февруари со Центарот за демократски развој, во Куманово на 2 Февруари со Коалицијата за меѓуетничка соработка и во Тетово, на 3 февруари со Асоцијацијата на невладини организации.
На работилниците во првиот дел на учесниците им се презентираа препораките од работните групи во рамки на областите образование, здравство, економија и човекови права, а во вториот дел се изработи План на промотивни активности преку кои регионалните НВО сојузи ќе ги промовираат препораките пред граѓаните. Плановите на промотивни активности кои ќе бидат спороведени во периодот од 20 Февруари до – 31 Март, содржат ТВ и радио промоции, промоции во печатените локални медиуми, дебати и работни средби со претставници од засегнатите страни, како и дистрибуција на промотивни печатени материјали.
За повеќе информации: markovska@ecmimacedonia.org |
Тренинг како дел од иницијативата “Ромски експертски групи
за интеграција на ромите” |
Како дел од тековната иницијатива на ЕЦМП - “Ромски експертски групи за интеграција на ромите”, се одржа тренинг од 4 до 6 фебруар во Сандански, Република Бугарија. На тренингот беа разработени 5 модули:

· Комуникациски вештини
· Презентациски вештини
· Фасцилитирање и модерирање на сесии
· Лидерство
· Вештини на истразување
· вештини на пишување на извештај
Професорот Цветко Смилевски од центарот Детра, беше тренер на овој тренинг.
За повеќе информации: ibrahimi@ecmirom.org
|
Состанок помеѓу ЕЦМП и Секретарот на Парламентарната комисиja
за здравство
|
Советниците за политики при ЕЦМП, г-ците Марија Нашоковска и Јасминка Блажева, заедно со в.д шефот на канцеларијата г-цата Лиза О`Флаерти, на 27 Јануари 2005 година во Парламентот на РМ, остварија состанок со секретарот на Парламентарната комисија за здрaвство г-ѓата Василка Илиевска.
Целта на состанокот беше да се информира г-ѓата Илиевска за успехот на Иницијативата за Стратешки Дијалог при ЕЦМП оствaрен 2004 година, при што и беа доставени копии од препораките кои произлегоа од работењето на членовите на работана група за здравство. ЕЦМП и г-ѓата Илиевска накратко дискутираа за природата и содржината на препораките, при што г-ѓата Илиевска беше задоволна што може да ја понуди својата поддршка на ЕЦМП во организирањето на формална презентација на препораките од работната група за здравство пред Парламентаранта комисија за здравство, којa треба да се оставри во периодот што следи
За повеќе информации: nasokovska@ecmimacedonia.org |
|
|
|