Мисија


Европскиот Центар за Малцински Прашања ги унапредува меѓуетничките односи во Европа преку спроведување на активности, истражување и документирање. Дава подршка на стабилизационите процеси во регионите каде постојат етнополитички тензии и конфликти, придонесува кон зацврстување на релевантната легислативата и доброто практикување во владеењето. Го стимулира и зголемувањето на капацитетите на актерите од цивилниот и јавниот сектор за меѓусебно поврзување на конструктивен и одржлив начин.

Европскиот Центар за Малцински Прашања е Германско-Дански акционо-ориентиран центар кој нуди експертиза на полето на разрешување конфликти, работи на подобрување на односите меѓу малцинствата и мнозинствата преку подршка на дијалогот помеѓу релевантните заинтересирани страни во дадената земја или регион. ЕЦМП, со тоа, е инволвирана во градење на капацитетите на малцинските организации, како и во подобрувањето на капацитетите на владините институции, во поглед на промовирање на мнозинско-малцинската интеракција според меѓународните стандарди и најдобрите практики.

ЕЦМП комбинира силна истражувачка база со акционо-ориентиран пристап. Иницијативата за имплементација на проектите произлегува од детална проценка на потребите, повикувајќи се на академската комтетентност на центарот и неговото уникатно знаење и пристап кон заинтересираните заедници во регионите на делување. Додека ЕЦМП е претежно финансиран од владите, целосно е независен во поглед на изборот на проекти и нивно имплементирање. Со оглед на уникатниот статус, ЕЦМП се активира онаму каде внатре-владините организации и невладините организации (НВО-и) се соочуваат со потешкотии во меѓусебниот дијалог . ЕЦМП, исто така е во состојба да реагира многу брзо доколку дадената ситуација тоа го налага.

Во Република Македонија ЕЦМП е присутен од почетокот на 2001 година со цел да придонесе кон соработката помеѓу клучните актери во земјата, на полето на подобрување на меѓуетничката толеранција, почитување на разликите и дијалог помеѓу сите кои живеат во Македонија и да демонстрира на многу конкретни начини како интеретничката соработка придонесува кон позитивни резултати за сите заедници.

Веднаш по етничкиот конфликт во 2001, ЕЦМП го фасилитираше формирањето на ЕЦМП НВО мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Македонија. Во тој период ЕЦМП одлучува да работи со граѓанските организации како најприфатлив канал и партнер за акција на полето на меѓуетничките односи. Од нејзиното востанување, ЕЦМП НВО Мрежата брзо се разви во динамична Мрежа управувана од членовите, чија цел е подобрување на меѓуетничките односи преку промовирање на соработка помеѓу НВО членките во идентификувањето на заедничка основа за делување по прашања поврзани со унапредување на меѓуетничкиот дијалог. Понатаму, Мрежата составена од 78 теренски организации работеше постојано во насока на зголемување на кредибилитетот на НВОите при застапувањето на нивните локални заедници и при градењето на капацитетите на локалните НВОи преку концептуализација и имплементација за заеднички проекти.


Иако подобрувањето на административниот статус на Ромите уште во 1989 година придонесуваа кон издвојување на Македонија од големиот број на други пост-комунистички земји, пост-комунистичкиот период е означен како продолжување на генералната практика на запоставување. Со оглед на недостатокот од владина стратегија и експертиза се јавува потреба од потполнување на вакум од страна на актери надвор од власта со цел подобрување на состојбата на Ромите како најнепривилегирана популација во една од најсиромашните земји во непривилегиран регион, укажувајќи на огромен простор за подобрување не само во Македонија, но и пошироко. Дополнително, досегашните напори на интернационалните актери во Македонија беа спорадични но во исто време не е извршена глобална проценка на потребите пред онаа поддржана и финансирана од СИДА во Јуни 2003 година. Првата глобална проценка на потребите на Ромската популација во Македонија беше спроведена од ЕЦМП во периодот од Септември до Ноември 2003 година преку лансирање на Истражувањето на состојбите на Ромската популација во Македонија. Резултатите од истражувањето јасно ја отсликаа потребата од мобилизирање на ромски експерти кои ќе работат на интеграцијата на ромите во Македонија. Во средината на 2004 година ЕЦМП го лансираше проектот Ромски експертски групи за интеграција на ромите

Во текот на 2003 година, ЕЦМП увиде реална можност за соработка со институциите на системот како на локално така и на национално ниво. Ваквото сознание беше појдовна точка за започнување на Иницијативата за стратешки дијалог во 2004 година. Овој проект формираше четири работни групи со цел да се разгледат прашања од интерес во областите образование, економија, здравствена заштита и човекови права. Членовите на овие работни групи се репрезентативен примерок од влијателните заинтересирани страни во секоја од горенаведените стратешки области. Главна цел на овие работни групи е идентификација на проблемите и креирање на препораки кои ќе им помогнат на одлучувачките фактори во формулирање и поскоро имплементирање на вклучувачки стратегии кои ќе го подобрат квалитетот на услугите, ќе го зајакнат принципот на владеење на правото и ќе обезбедат подобри економски можности за лицата со различни определби кои живеат во Македонија.

Денес, ЕЦМП има развиено мултидимензионална програма за граѓанско делување која успешно вклучува и владини институции на национално и на локално ниво.

почеток на страната

 

 
 

Department of Foreign Affairs - Gouvermant of Ireland Swedish International Development Cooperation Agency Royal Danish Ministry of Foreign Affairs The Royal Norwegian Foreign Ministry British Embassy - Skopje Department of Foreign Affairs - Gouvermant of Ireland