Проект за интеграција на Ромите
www.ecmirom.org
Активностите на ЕЦМП со ромското (’циганско‘) население во Европа започна во 2003 година и може да се категоризира во три категории:
- Спроведување на глобални проценки на потребите и дизајнирање на мерки врз основа наодите на проценките на потребите;
- Испитување на можностите за зголемување на политичката партиципација на Ромите на популистичко и елитно ниво; и
- Поддршка на имплементацијата на владини стратегии за интеграција на Ромите.
Активностите во рамките на сите три категории имаат за цел зголемување на нивото на интеграција на Ромите во општествата во кои живеат со нивно опремување со потребните ресурси за да може да имаат ефективна улога во едно демократско општество базирано на владеењето на правото и за успешно учествување во конкурентскиот пазар на трудот.
Првата глобална проценка на потребите за ромското население во Македонија беше спроведена од страна на ЕЦМП од септември до ноември 2003 година. Резултатите од истражувањето покажаа потреба за мобилизирање на ромски експерти кои ќе работат на интеграција на Ромите во Македонија. Во средината на 2004 година, ЕЦМП отпочна со проектот Ромски експертски групи за интеграција на Ромите во Македонија. Четирите експертски групи организирани околу четирите основни области на образование, здравство, граѓански права и вработување ќе развијат и имплементираат проекти со цел на собирање, и преточување во корисни извештаи, на податоци потребни за обезбедување на основа за дизајнирање на политика која не само што е наменета за Ромите, туку е изготвена од Роми.
Интегрираната анализа на потребите на ромското население во Србија и Црна Гора беше дизајнирана врз основа на методологијата за проценка на потребите која претходно беше успешно применета во првата глобална проценка на потребите на ромското население во Македонија. Анализата во Србија и Црна Гора беше дизајнирана со намера дека извештајот кој ќе произлезе од неа би можел да послужи како основа за работата на Сида со Ромите во Србија и Црна Гора.
ЕЦМП НВО мрежа за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија
Европскиот центар за малцински прашања, германско-дански акционен центар кој поседува експертиза на полето на разрешување на етнополитички конфликти, работи на повеќеслојна програма која го опфаќа цивилно општество на Балканот.
Овој проект на Тркалезна маса на НВО-и кои работат на подобрување на меѓуетничките односи во Македонија имаше за цел да ги оспособи локалните НВО-и да создаваат висококвалитетни проекти кои ќе имаат силен импакт врз цивилното општество.
Во 2001 година проектот започна во блиска соработка со локален партнер на ЕЦМП, Центарот за бегалци и присилни миграции (ЦБПМ) при Институтот за социолошки, политички и правни истражувања (ИСППИ) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје.
И покрај големиот број на НВО-и, регистрирани во Македонија, се покажа дека не сите се подеднакво активни, па проектот започна со 43 веќе докажани НВО-и, насочени кон создавање на одржливи и инклузивни проекти кои ќе имаат резултат врз македонското општество.
Европскиот центар за малцински прашања (ЕЦМП) ја организира првата Тркалезна маса на НВО-и кои работа за подобрување на меѓуетничките односи во Македонија, во Фленсбург, Германија, од 10 до 13 декември, 2000 г. На тркалезната маса беа присутни повеќе од 20 претставници на домашни НВО-и од Македонија кои работа на полето на човековите права, цивилно општество и решавање на конфликти; прашања поврзани со жените; како и претставници на медиумите. Учесниците во исто време ги претставуваа етничките заедници кои живеат во земјата (македонската,албанската, бошњачката, ромската, српската, турската и влашката). Понатаму, претставник од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и од Советот на Европа како и осум меѓународни експерти за малцински прашања и мрежно поврзување во областа на човековите и малцински права, беа поканети. Работниот јазик беше англиски.
Првиот состанок беше одржан во Фленсбург, во срцето на германско-данскиот пограничен регион, за да се понуди неутрална средина и атмосфера која придонесе кон промовирање на дијалогот, соработката и размената на идеи. Оваа одлука, исто така, беше мотивирана и од желбата на македонските учесници да научат повеќе за искуствата во односите помеѓу малцинството и мнозинството. Почетокот на проектот беше овозможен со великодушната подршка на Министерство за надворешни работи - Секретаријат за мир и стабилност (ФРЕСТА) на Кралството Данска и Министерство за надворешни работи на Норвешка. Идејата да се иницира овој проект беше зачната во декември 1999 и тој беше отпочнат во јуни 2000 година по обемни истражувања и подготовка.
Мисија на ЕЦМП НВО мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија
Градење и развој на мрежа на НВО посветени на подобрување на меѓуетничките односи во Република Македоинија
Крајната цел на овој проект
Крајната цел на овој проект е иницирање на конструктивната дискусија меѓу домашните НВОи за меѓуетничките односи и идентификување на терен за заедничко делување. Беа поставени две главни цели: (1) да се охрабри развивањето на заеднички предлог проектикои на НВОата кои ги преминуваат етничките линии и кои одговараат на потребите на локалните заедници; и (2) да се воспостави мрежа на НВОи посветени на заедничка работа за да се подобри меѓуетничката комуникација и меѓуетничките односи. Една година подоцна и покрај огромните препреки овие цели беа остварени: на 18 декември 2001, "ЕЦМП НВО мрежата за подобрување на меѓуетничките односи во Република Македонија" официјално отпочна со работа.
Цели на мрежата
- Зајакнување на меѓусебната соработка преку размена на сите достапни ресурси;
- Иницирање и имплементирање на заеднички проекти;
- Зголемување на влијанието (на НВОите) во заедницата;
- Создавање и развој на заедничка стратегија за подобрување на меѓуетничките односи;
- Проширување на мрежата
Меморандум за соработка
ЕЦМП НВО Мрежата беше иницирана од самите членки, и целосно се ослонуваше на нејзиниот клучен документ Меморандумот за соработка чија основа е поставена во Декември 2001 година. Меморандумот за соработка ги опфаќаше Критериумите за прием на членки во Мрежата, Кодексот на однесување и Акциониот план на НВО Мрежата, во годината на основањето. Овој основачки документ се надоградуваше на секое Генерално собрание со амандмани кои ги рефлектираа неопходните промени на Мрежата. Со оглед на тоа што членките секоја година предлагаа и изгласуваа нови амандмани на Меморандумот за соработка, се создаде силно чувство на сопственост и припадност кон ЕЦМП НВО мрежата.
Координативно тело на ЕЦМП НВО Мрежата
Координирачкото тело беше составено од дванаесет претставници на НВО-ите и еден претставник на ЕЦМП. Шест членови го претставуваа мултиетничкиот состав на Мрежата, а другите шест ги претставуваа регионите каде што се сместени Регионалните центри. Координативното тело беше раководено од избраниот претседавач.
Координативното тело ја превземаше главната одговорност за имплементација на активностите; за кординирање на членовите на мрежата; за формулирање на оддржлива стратегија на мрежата; за заедничко лобирање за мрежата и одржување на редовни контакти со Регионалните центри.
ЕЦМП Регионални НВО Ресурсни Центри
Во текот на 2002 година беа основани шест Регионални НВО Ресурсни Центри како неутрална основа за сите НВО членки во развивањето, координирањето и имплементацијата на заеднички пројекти кои се вкрстуваат околу меѓуетничките прашања.
Регионалните Центри се наоѓаа во градовите Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Битола и Штип. Нивнота улога на неутрален простор за НВО членките имаше за цел да создаде услови за работа надвор од влианието на етничките политики.
Кон што работевме
зацврстување на капацитетот на НВО членките за изнаоѓаање и имплементирње на меѓуетнички пројекти (низ тренинг, совети, фасцилитирање на дијалог помеѓу НВО-ите и целните групи , локалните власти и локалните медиуми, и низа други мерки кои придонесоа кон зацврстување на капацитетот);
зајакнување на кредибилитетот на НВО-ите преку развивањето и придружување кон заедничкиот Кодекс на однесување;
поддршка на создавањето на заеднички меѓуетнички проекти од самите НВО-и, нивно претставување на донаторите, и нивно имплементирање .
2004 година
Повеќе од 70 теренски НВО-и од Македонија станаа дел од Мрежата во обид за идентификација на заедничка основа за акција по прашањата што се однесуваат на унапредувањето на меѓуетничкиот дијалог во Република Македонија. Нивната активност во заедницата ги направи препознатливи и високо почитувани партнери. Ова доведе и кон создавање на цврсто партнерство со локалната власт и со бизнис секторот. За време на постоењето на ЕЦМП НВО Мрежата, членките имаа генерирано над 140 и имаат имплементирано над 86 пилот пројекти за да допринесат кон подобрувањето на меѓуетничките односи во Република Македонија.
Еден од резултат на вмрежувањето беше и воспоставувањето на Внатрешните подмрежи во 2002/2003 година,и тоа: Младински Мултикултурни Инициативи (ММИ), Мрежа за обарзование, Мрежата за животна средина и Работната група за малцински права. Покрај официјално поставените Подмрежи, голем број Ромски НВО-и кои беа дел од ЕЦМП НВО Мрежата воспоставија спонтана но цврста меѓусебна соработка.
Внатрешните подмрежи имаат позитивен импакт врз работата на членките кои се дел од нив. Една од предностите е создадената основа за адресирње на приоритетните прашања и прашањата од заеднички интерес на национално ниво. Дотолку повеќе, кумулативната сила на НВО-ите кои работат здружено е многу повисока споредено со нивните индивидуални капацитети. Подмрежата исто така е поуспешна во мониторингот на владината политика на полето на кое тие работат Лобирањето за воспоставените приоритети на Подмрежите е многу полесно остварливо со оглед на квантитативното и квалитативното влијание. Земено во целина, може да се констатира дека подмрежите и додаваат еден субстанцијален плус на ЕЦМП НВО Мрежата поради нивната професионална активност во одделните области за кој се специализирале и импактот на нивната работа на национално ниво.
Завршување на проектот
Низ 2003 и 2004 година, преку Координативното тело, ЕЦМП фасцилираше во елаборирање на стратегија за 2005 – 2007 година која е дизајнирана да обезбеди понатамошен развој и самоодржливост на оваа иницијатива. Оваа стратегија сега е комплетирана и нуди јасни докази за успехот на оваа долготрајна иницијатива на ЕЦМП. Како дел од стратегијата за самоодржливост и понатамошен развој, членките на мрежата ја дизајнираа и отпочнаа имплементацијата на следните напредни и особено интересни иницијативи :
- Воспоставувањето на Регионалните НВО коалиции во Битола, Тетово и Куманово како формални коалиции кои примарно ќе функционираат на општинско ниво во периодот од 2005 -2007,
- Создавање на независна национална НВО Мрежа – Иницијативи за развој на општеството, која ќе функционира со нова мисија која ќе се фокусира на економскиот развој преку партиципација, интеграција и подеднакви можности.
- Развојот на секторските Мрежи (еколошка мрежа, младинска мултикултурна иницијатива, образовна мрежа и работна група за малцински прашања).
Како што ЕЦМП се повлекува од својата инволвираност во оваа иницијатива и влегува во нова динамична фаза на функционирање во Република Македонија во 2005, им аплаудираме на брзиот развој на овие иницијативи во независни и одржливи структури. ЕЦМП го поздравува создавањето на овие нови граѓански општествени формации и им посакува успех на организациите кои ќе членуваат во нивната идна работа.
почеток на страната
Иницијатива за стратешки дијалог
Иницијативата за стратешки дијалог формираше четири работни групи кои дискутираат за проблеми кои се однесуваат на образование, економија, здравство и човекови права. Членовите на работната група се претставници од влијателни институции од секоја од областите. Примарната цел на овие работни групи е да ги идентификуваат проблемите со кои се соочуваат во секоја од областите како и да направат препораки кои ќе им помогнат на луѓето кои донесуваат одлуки, да направат и имплементираат стратегии која ќе го подобри квалитетот на услугите, ќе го зајакне владеењето на правотот, и ќе овозможат подобри економски можности за сите народи кои живеат во Република Македонија.
Секундарната цел, зајакнување на комуникацијата и воспостав ување работни ни односи помеѓу членовите од различните сегменти во општеството.
Секоја од работните групи брои од 10 – 15 експерти од три различни профили: политичари и членови на владата, универзитетски професори, професионалци и експерти во релевантните области како и лидери и активисти во НВОи. Членовите на работните групи припаѓаат на сите етнички и религиони заедници во Македонија и повеќето од нив се од Скопје, додека останатите членови доаѓаат од Тетово, Гостивар, Битола, Штип и Куманово.
Секоја од работните групи се состанува секоја трета или четврта недела од месецот и нивната работа се одвива преку серија на испланирани чекори за идентификување, дефинирање и приоретизирање на главните области кои предизвикуваат проблеми а се во склоп на нивната работа, прибирање дополнителни информации за приоритетните проблеми, анализирање на информации, подготвување на препораки и развој на стратегија за презентирање и имплементирање на истите.
Кон крајот на годината, секоја работна група ќе одржи прес конференција на која ќе ги презентираат резултатите и препораките кои се однесуваат на проблемите. Веднаш потоа ќе бидат организирани билатерални состаноци помеѓу претставниците на работните групи и релевантни личности од институциите и организаициите кои биле именувани во препораките.
Со планирање на времето за работа со институциите и организациите кои имаа мандат за спроведување на реформите ќе ја зголемиме веројатноста препораките да бидат разбрани и прифатени и имплементирани.
почеток на странат
|