ЕЦМП...

 

 

Марк Велер

Марк Велер е Директор на Европскиот Центар за Малцински Прашања, предавач по меѓународно право и меѓународни односи при Универзитетот Кембриџ, како и соработник на Lauterpacht центарот за истражување на меѓународното право и Hughes Hall . Тој е исто така Директор на Карнеги-Кембриџ проектот за разрешување на прашања за самоопределување преку комплексна поделба на власта. Тој е експерт за конфликт менаџмент и пост – конфликтно градење на мир и е автор/издавач на неколку книги и други публикации кои го опфаќаат меѓународното право, правото на само-определување и човековите и малцинските права. Покрај неговиот академски ангажман, тој е и советник на влади и делегации при Советот за безбедност на ОН, и учествувал во голем број на меѓународни обиди за разрешување на етнополитички конфликти во Европа и низ светот.

Контакт :
Email : Кликни тука

 

Ева Чулински

Ева Чулински е Заменик Директор на ЕЦМП. Таа доаѓа од канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права во Варшава, каде работеше како Проект Координатор неколку години. Таа има големо искуство во менаџмент и развој на академски проекти како и советничко искуство на полето на демократизацијата и промоција на човековите права и програмите за заштита. Таа има широко искуство како истражувач, како и теренско искуство во регионот на Кавказ, Источна Европа и Централна Азија како службеник за човекови права во ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа) и како поранешен асистент Професор и истражувач при Институитот East-West Studies, на универзитетот South Jutland, Данска.

Контакт :
Email : Кликни тука

 
Ебен Фридман

Ебен Фридман е Регионален Претставник за ромски прашања на ЕЦМП во Македонија . По поминување две години во спроведување на теренска работа во Македонија и Словачка, го завршил својот докторат во политички науки на Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего во септември 2002 година. Насловот на дисертацијата беше "Објаснување на политичката интеграција на малцинствата: Ромите како тежок случај". Тој исто така има магистерска диплома по политички науки од Универзитетот Johns Hopkins.

Контакт:
Email : Кликни тука
Телефон: + 389 2 3215-637
факс: +389 2 3215-639
 
Јасмина Ристиќ

Јасмина Ристиќ е назначена за Менаџер на канцеларија и финансии на ЕЦМП. Таа има пет годишно работно искуство во неколку меѓународни организации. Јасмина е одговорна за сите административни и финансиски прашања, како и за координација на логистичката подршка и работата на ЕЦМИ регионалната канцеларија Скопје.

Контакт:
E-mail: Кликни тука
Телефон: + 389 2 3215-637
факс:+389 2 3215-639

 

Верица Грданоска

Верица Грданоска е Менаџер за односи со јавност на ЕЦМП во Република Македонија. Таа е одговорна за проектните веб страни, печатените публикации, електронските информатори и контакт листите, контакти со медиумите и логистичка поддршка на настаните на ЕЦМП во Македонија.

Контакт:
E-mail : Кликни тука
Телефон: + 389 2 3215-637
факс: +389 2 3215-639

 

Гордана Родиќ
Гордана Родиќ е Програм Менаџер на проектот “ Ромски експерт групи за интеграција на Ромите ”. Магистер по Англиски јазик и литература на Утречт Универзитетот, Холандија. Нејзиното работно искуство е поврзанос ос НВОи од просторите на поранешна Југославија како и од Холандија. Во претходните неколку години работела за УНПРОФОР, Утрехт Универзитетот во делот на Женски студии и холадската невладина организација “ Pharos ” како Офицер за меѓународни односи. Преку програмата – Адмира добива можност за блиска соработка со ромските НВО од Македонија и Србија на полето на дискриминацијата и нејзиното влијание на домашното насилство.

Контакт:
Email: Кликни тука
Телефон: + 389 2 3215-637
факс: +389 2 3215-639
 
Ибрахим Ибрахими

Ибрахим е Проект Менаџер на проектот “ Ромски експерт групи за интеграција на Ромите ”. Toj e постдипломец на Економскиот факултет во Скопје. Работел како Програм менаџер на програмата “ Ромаверситас ” на Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија. Работел и како консултант за Советот на Европа – Вработеноста и Ромите. Тој е исто така член на Бордот на Македонскиот Хлсиншки Комитет.


Контакт:
Email: Кликни тука
Телефон: + 389 2 3215-637
факс: +389 2 3215-639

 

Саит Демир
Саит Демир е назначен за Проект асистент на иницијативата “ Кон регионална интеграција на ромите во Република Македонија ”. Тој има три годишно искуство во НВО секторот, како сметководител и е активно вклучен во проекти кои се тесно поврзани со Ромските прашања. Саит е дипломиран машински инжинер чии интереси се инжинерството и информатичките технологии

Контакт:
Email: Кликни тука
Телефон: + 389 2 3215-637
факс: +389 2 3215-639
 

почеток на страната



 
Department of Foreign Affairs - Gouvermant of Ireland Swedish International Development Cooperation Agency Royal Danish Ministry of Foreign Affairs The Royal Norwegian Foreign Ministry British Embassy - Skopje Department of Foreign Affairs - Gouvermant of Ireland