Вовед
 

Иницијатива за стратешки дијалог


Цел

Иницијативата за стратешки дијалог е проект на Европскиот Центар за Малцински Прашања во Македонија, имплементиран од јануар 2004 до март 2005, преку кој им се овозможи на претставниците на влијателните институции да работат заедно кон создавање на поодржливи и инклузивни политики. Проектот беше имплеметиран благодарение на поддршката од Министерството за надврешни работи на Ирска.


Иницијативата за стратешки дијалог се стреми кон креирање на конкретна политичка акција за имплементирање на Рамковниот (Охридскиот) договор, потпишан во август 2001 година помеѓу претставниците на четирите најголемите политички партии во Македонија.

Во склоп на оваа иницијатива беа формирани четири работни групи кои дискутираат за проблеми кои се однесуваат на образованието, економијата, здравството и човековите права. Секоја од работните групи се состоеше од 10 – 15 експерти од три различни профили: политичари и членови на владата, универзитетски професори, професионалци и експерти во релевантните области како и лидери и активисти во невладини организации. Членовите на работните групи припаѓаат на сите етнички и религиозни заедници во Македонија и повеќето од нив се од Скопје, додека останатите членови доаѓаат од Тетово, Гостивар, Битола, Штип и Куманово.

Примарната цел на овие работни групи е да ги идентификуваат проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Македонија во секоја од областите како и да изготват препораки кои ќе им помогнат на луѓето кои донесуваат одлуки, да направат и имплементираат стратегии кои ќе го подобрат квалитетот на услугите, ќе го зајакнат владеењето на правото, и ќе овозможат подобри економски можности за сите луѓе кои живеат во Република Македонија. Секундарната цел на оваа иницијатива е зајакнување на комуникацијата и воспоставување работни односи помеѓу членовите од различни сегменти во општеството.
Преку регуларни состаноци, секоја од работните групи, работеше преку серија на испланирани чекори за идентификување, дефинирање и приоретизирање на главните области кои предизвикуваат проблеми а се во склоп на нивната работа, прибирање дополнителни информации за приоритетните проблеми, анализирање на информациите, подготвување на препораки и развој на стратегија за презентирање и имплементирање на истите.

Препораки

Препораките на Работната група за образование се фокусираа на вклучување на вредноста на мулти-културализмот во образовниот систем, идентификување на потребите во инфраструктурата, охрабрување на професионализацијата / деполитизацијата на овој сектор, подобрување на обуката на училишните наставници. Одделни презентации беа направени во Министерството за образование, Парламентарната комисија за образование, Бирото за развој на образованието и Меѓународните организации кои работат во Македонија.

Работната група за човекови права и правда се фокусираше кон изнаоѓање на начини за јакнење на капацитетот на институциите чиј мандат е заштита на човековите права, и клучните прашања како што се дражавјанство и незаконскиот начин на лишење од слобода.

Со цел да развие одржлива стратегија на полето на здравството, Работната група за здравство препорача развивање на национална стратегија за здравствена грижа. Препораките се пред се фокусирани кон релевантни теми и подготовки за изработка на нова стратегија како и кон начините за нејзино имплементирање.

Работната група за економија спроведе двоен пристап кон економските прашањата: макро-економски и микро-економски. Препораките беа презантирани на Економскиот Форум, на 13 декември во Холидеј Ин.

Резултати

Во текот на декември 2004, членовите на Работните групи активно лобираа кај членовите на парламентот, претставниците на одделни министерства и релевантните владини институции за имплементирање на нивните препораки на полето на образованието, здравството, економијата и човековите права. Иницијативата за стратешки дијалог организираше и неколку формални презантации на препораките.

Првата презантација на Работната група за образование се оддржа на 7 декември пред претставниците на меѓународните организации и донатори кои работат на програми за подобрување на образованието во Македонија. Истите препораки беа презентирани следниот ден во Парламентот за претставниците на Прелиминарната комисија за образование, Министерството за образование и Бирото за развој на образованието. Исто така, на 13 декември се одржа состанок со секретарот на Парламентарната комисија за образование со цел да се дискутира и утврди понатамошната соработка помеѓу работната група за образование и Парламентарната комисија за образование во полето на мултикултурализмот во образованието. Овој позитивен чекор беше направен по иницијатива на Парламентарната комисија за образование врз основа на нивните позитивни впечатоци од препораките на работната група за образование.

Покрај индивидуалните презентации насочени кон релевантни владини претставници, на 14 декември во Холидеј Ин се одржа прес конференција за домашните и странските новинари. На прес конференцијата се презентираа препораките од четирите работни групи пред пошироката јавност.


На почетокот на фебруар, ЕЦМП започна и со промотивната кампања на локално ниво со цел да се зголеми запознаеноста со препораките развиени во склоп на Иницијативата за стратешки дијалог и можноста за нивно имплементирање на локално ниво.

Локалниот форум во Тетово се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа, на 29 Март. Локалниот форум во Тетово беше организиран во соработка со “Локалната коалиција на НВОа” од Тетово, која активно работеше на идентификување на заинтересираните страни во локалната заедница. 50 гости го следеа настанот, меѓу кои и новите членови на Советот на Градот, Директори на основните и средните училишта од Тетово, Акадамици од Универзитетите во Тетово, Здравствени работници и раководители од Градската Болница, како и бизнисмени од Тетово.

Локаниот форум во Куманово, одржан на 30 Март, на кој се презентираа препораките од ЕЦМП Иницијативата за стратешки дијалог, беше посетен од над 70 луѓе. Настанот, одржан во ресторанот Рим-Парис, беше ораганизиран во соработка со “Коалицијата за меѓуетничка соработка”, локален партнер на ЕЦМП. Меѓу присутните беа и водечкиот кандидат за Градоначалник, советниците во Градскиот Совет, високи претставници од Министерството за внатрешни работи, пратеници во Парламентот од Куманово, претставници на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието.

Локаниот форум во Битола, одржан на 31 март во хотел “Епинaл”, беше организиран во соработка со локалната НВО коалиција “Центар за Демократска Иницијатива”, Битола. На настанот имаше околу 50 посетители и тоа: претставници на Универзитетот во Битола, Министерството за внатрешни работи, како и претставници на НВО секторот.

Во хотелот Турист, Крива Паланка се одржа презентација на препораките од областа на човековите права, образованието, здравството и економијата, изработени во рамките на ЕЦМП Иницијативата за стратешки дијалог. Презентацијата беше дел од промотивната кампања за запознавање на јавноста со препораките и можноста за нивно имплементирање на локално ниво.

Трибина на тема “Образование и препораки за подобрување на образовниот систем во Македонија” беше одржана на 14 март во хотел Битола. На трибината зедоа учество околу 40 битолчани, директори и наставници на средни и основни училишта, професори и студенти од педагошкиот факултет, претставници на невладиниот сектор и локалните медиуми.

НВО коалиција “Центар за демократски иницијативи”, Битола на 18 март организираше и трибина на тема здравство во високата медицинска школа во Битола, на која беа презентирани препораките од работнита група за здравство. Препораките беа презентирани пред здравствените работници, претставниците на невладиниот сектор и медиумите од Битола. Преку дискусијата, присутните ги дадоа своите позитивни оценки за препораките и даваа предлози за нивно имплементирање на локално ниво.

“Асоцијацијата на невладини организации” од Тетово, локален партнер на ЕЦМП, ги презентираше препораките на работната група за образование на јавен настан во просториите на средното училиште “Моша Пијаде” на 16 март 2005. На настанот беа присутни претставници од канцеларијата за образование, директори на средни и основни училишта, универзитетски професори како и локалните медиуми. Сите присутни се се согласија дека препораките се со голема релевантност, за што придонела и експертизата на членовите на работната група за образование и дека препораките овозможуваат нов исчекор кон реформи во образованието.

Промоцијата на препораките исто така вклучи и ТВ и радио промоции, промоција во печатените медиуми, дебати и работни состаноци со локалните заинтересирани страни како и дистрибуција на промотивни матерјали.

 
на почеток

Поддржано од :